Турхан Хатиџе султан (1628 - 1683) била една од султанија на османлискиот султан Ибрахим I (владеел 1640-1648) и мајка на неговиот наследник Мехмед IV (владел 1648-1687).
Од наложница до Валиде
Турхан Хатиџе султан е родена како Надежда Чистова, и се смета дека имала украинско потеклоNatalia Yakovenko."Essays on History on Ukraine. From the Earliest Times until the End of the 18th Century". 1997.. Таа била заробена од страна на Татарите и предадена во ропство. Кога имала околу 12 години била однесена во Топкапи-сарај во Цариград како подарок на мајката на Ибрахим I, Ќосем султанThys-Senocak, p. 17. Најверојатно Ќосем ја дала на Ибрахим како наложница. На 2 јануари 1642 година таа родила син, идниот Мехмед IVThys-Senocak,p.25. Но однесувањето на Ибрахим довело до негово симнување од престолот на 8 август 1648 годинаThys-Senocak,p.26, а по неколку дена бил удавен. На чело на Отоманското Царство застанал Мехмед IV. По качувањето на престолот, според традицијата местото Валиде султан требало да припадне на неговата мајка, но на Турхан не и било дозволено главно поради нејзиното неискуство и младост. Наместо тоа, бабата на султанот и претходната Валиде, односно Ќосем султан била вратена на оваа позиција. Таа ја имала оваа функција претходно кога нејзините два сина биле на престолот.Peirce, p.250.
Сепак Турхан започнала борба за својата позиција која и следувала и била поддржана од главниот црн евнук и големиот везир, додека Ќосем била поддржана од јаничарскиот корпусPeirce, p.252. Во оваа борба за власт, Ќосем планирала детонизација на Мехмед и негова замена со уште помалиот нејзин внук, бидејќи сметала дека со новата кандидатка ќе може полесно да се контролира. Планот на Ќосем не успеал и Ќосем била убиена, а Турхан Хатиџе станала регент на својот син.
Валиде и регентство
По смртта на нејзината најголема ривалка, таа станала Валиде султан. Како регент на нејзиниот малолетен син се стекнала со голема моќ. Таа го придружувала нејзиниот син на важни состаноци и во неколку наврати зборувала од негово име. Главно поради нејзиното неискуство таа се потпирала на другите членови од диванот и често се советувала во однос на политичките прашања. Ова е познато главно од нејзините писма со главниот везирPeirce, p.253.
Нејзиното регенство било нарушено поради војната со Венецијанците за островот Крит и финансиската криза што настанала од високите трошоци на водење војна. Во 1656 година за нов везир бил назначен Ќопрулу Мехмед-паша, по кое целата политичка моќ била пренесена во негови рацеPeirce,p.255-256.
Покровителство
Според историчарите, годината 1656 била пресвртна точка во животот на Турхан. Со доделувањето на неограничена моќ на големиот везир, таа си ја ограничела сопствената. Сепак, таа се оддала на покровителството.
Нејзиниот прв проект започнал во 1568 година. Можеби како одговор од венецијанската закана, таа изградила две тврдини на влезот од Дарданелите. Тврдините, едната на европската а другата на азиската можат да се видат и денес. Овој проект ја сместила Турхан во иста линија со Мехмед II и друѓи султани кои изградиле тврдини во истата областThys-Senocak, p.109.
Сепак, најголемото достигнување на Турхан било завршувањето на Јени џамија, која започнала да се гради од страна на Сафије султан.
Турхан Хатиџе султан била последната жена која имала голема моќ во Османлиското Царство и која дејствувала како регент на својот малолетен синPeirce,p.258. Се смета дека по нејзината смрт завршил и периодот на Султанатот на жените во империјата на Османлиите.
Наводи
Категорија:Валиде султан Категорија:Починати во Истанбул Категорија:Отоманци од 17 век Категорија:Отомански Украинци Категорија:Луѓе од Ростовската област Категорија:Османлиски робови Категорија:Родени во 1627 година