Хермсдорф () — мал град во округот Зале-Холцланд, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Во негова близина се наоѓа автопатската раскрсница Хермсдорфер Кројц (Hermsdorfer Kreuz), каде се сретнуваат германските автопати А4 (Франкфурт-Дрезден) и А9 (Берлин-Минхен).
Градот претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Географија Местоположба
Хермсдорф се наоѓа на средина помеѓу големите градови Јена и Гера и околу 55 километри југозападно од градот Лајпциг. Хермсдорф е средиште на Тириншки Холцланд.
Соседни општини
Соседни општини се Бад Клостерлаусниц, Рајхенбах и Шлајфрајзен во округот Зале-Холцланд, како и Крафтсдорф во округот Грајц.
Политика Градски совет
Градскиот совет на градот Хермсдорф се состои од 20 членови. Според последните општински избори на 26 мај 2019 година биле добиени следниве резултати:
Партија / Листа Удел Места +/− CDU 22,1 % 4 − 1 Linke 17,1 % 4 − 1 SPD 16,8 % 3 − 2 Граѓанска иницијатива Холцланд 43,4 % 9 + 4 Излезност: 57,0 %
Збратимени градови
Хермсдорф е збратимен со следниве градови: Ланштајн, Германија Гринштет, Германија
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Зале-Холцланд