Донатјен Алфонс Франсоа, Маркиз де Сад (; 2 јуни 1740 - 2 декември 1814) бил француски аристократ,политичар,филозоф и писател познат по неговиот бурен начин на живот.Тој пишувал романи,кратки раскази,драми,дијалози и политички памфлети. Некои дела биле објавени под неговото име додека бил жив,но има и некои кои се анонимни и Сад негирал дека е нивен автор.Де Сад е познат и по неговите еротски дела во кои има филозофски разговори и порнографија,опишани се разни сексуални фантазии во кои посебен акцент се става на насилството и клеветите кон Католичката црква. Тој бил застапник на екстремна слобода којашто не е под контрола ниту на моралот, ниту на религијата и правото. Сексуалната аномалија „садизам“ е изведена од неговото име.

Сад поминал 32 години од својот живот во неколку затвори и во болница за душевни болести.За време на Француската револуција тој бил избран за делегат на Националниот конвент. Многу од неговите дела биле напишани во затвор.

Живот и образование

Маркизот де Сад е роден во палатата Конде во Париз, како син на грофот Жан Батист Франсоа Жозеф де Сад и Мари Еленор де Маје де Карман, братучетка на Принцезата на Конде.Образованието го добил од својот чичко, свештеникот де Сад.Подоцна тој посетувал училиште за исусовци а потоа имал воена кариера и се борел во Седумгодишната Војна.Кога се вратил ја побарал за жена ќерката на еден богат судија, но нејзиниот татко го одбил ова барање и наместо тоа, го договорил бракот на Сад со неговата постара ќерка, Рене Пелажи де Монтреј , брак од кој се родиле двајца синови и ќерка. Во 1766 тој изградил приватен театар во неговиот замок, замокот Лакост во Прованса. Во јануари 1767 неговиот татко умрел.

Титула и наследници

Мажите во фамилијата де сад наизменично ги користеле титулите маркиз и гроф. Дедото на де Сад прв се нарекол себеси “маркиз” и тоа се нарекувал Маркиз де Сад, но попознат е како Маркиз де Мазан.Фамилијата на де Сад била од т.н. воена аристократија и тврделе дека се дел од потомците на најстарите француски аристократи.Наизменичното користење на титули укажува на тоа дека хиерархијата на титулите била замислена.Теоретски, титулата “маркиз” им била доделувана на благородници кои поседувале неколку грофовии, но откако почнале да ја користат луѓе со сомнително потекло, таа престанала да биде привилегија.Во судовите, секогаш имале предност сењорите од повисок ранг и членовите на кралската лоза, а не оние со титула.

Наследниците на Сад многу години ја гледале неговата работа како скандалозна.Ова продолжило сè до моментот кога Грофот Хавиер де Сад си ја вратил титулата маркиз, која долги години не ја користеле и се заинтересирал за делата на неговиот предок. До тоа време, неговото име никако не било споменувано во неговото семејство и Хавиер де Сад дознал нешто повеќе за него од некој новинар во 1940.Потоа открил дел од делата на Сад во семејниот замок во Конде ен Брије и работел на нивното објавување со децении.Неговиот најмлад син, Маркизот Тибо де Сад му помагал.Семејството исто така барало авторски права над името.Замокот Конде ен Брије бил продаден во 1983 .Дел од ракописите на Сад ги задржало семејството а другите се чуваат во библиотеки или на универзитети, но многу од нив биле загубени во XVIII и XIX век или пак , биле уништени по смртта на Сад.

Скандали и затворања

Сад живеел скандалозен и развратен живот,во неговиот замок во Лакост постојано имало млади проститутки и работници од двата пола.Бил обвинет и за богохулење,сериозен престам во тоа време.Во скандалите во неговиот живот е и тоа што имал врска со сестрата на неговата жена, Ан Проспер, која дошла да живее во замокот.

Во почетокот на 1763 Сад живеел во Париз или во негова околина.Неколку проститутки се жалеле од него, па затооа бил ставен под полициски надзор и биле правени детални извештаи за неговите активности.По неколку кратки притворања, тој бил прогонет од неговиот замок во Лакост. Првиот поголем скандал се случил на Велигден во 1768 , кога Сад добил сексуални услуги од Роза Келер, за која не се знае дали била проститутка.Тој бил обвинет за нејзино грабнување и затворање во неговиот замок во Аркеј каде што физички и сексуално ја злоставувал.Подоцна таа побегнала скокајќи од вториот кат.Во тоа време таштата на Сад добила писмо со конечна пресуда ( некој вид на налог за апсење без да се објасни причината за тоа пред судот) од кралот , кој го исклучил Сад од секаква судска надлежност.Ова писмо со конечна пресуда подоцна ќе му предизвика голема штета на маркизот.

Во 1772 во Марсеј тој наводно на неколку проститутки им дал Шпанска Мушичка,вид афродизијак, и бил обвинет за содомија заедно со својот слуга Латур.Истата година , двајцата биле осудени на смрт поради содомија и труење.Тие избегале во Италија, а Сад со него ја зел и сестрата на жена си.Биле фатени кон крајот на 1772 и биле затворени во тврдината Миолан,но избегале четири месеци подоцна.

Сад подоцна се криел во Лакост, каде што и се придружил на жена си, која станала соучесник.Тој имал група на млади вработени во Лакост од кои повеќето избегале поради тоа што биле сексуално злоставувани.По овој настан Сад повторно избегал во Италија,каде што го напишал делото Патување во Италија . Кога се вратил во Лакост во 1776 повторно злоупотребувал млади слигинки а таткото на една од нив дури се обидел да го убие Маркизот.Истата година подоцна,Маркизот бил повикан да ја види неговата наводно болна мајка во Париз (која всушност неодамна починала) и бил уапсен и затворен во Венсенскиот замок. Тој ја обжалил неговата смртна казна, но останал затворен поради писмото со конечна пресуда.Таму продолжил да пишува и го запознал Грофот де Мирабо, кој исто така пишувал еротски дела, но и покрај тоа што имале слични особини,тие не се поднесувале еден со друг.

Во 1784 Сад бил преместен во Бастилја каде што на 2 јули 1789 предизвикал некакви немири откако извикал од ќелијата дека затворениците во Бастилја ги убиваат.Два дена подоцна бил преместен во болница за душевни болести.

За сето тоа време тој работел на неговото дело 120 дена во Содома и мислел дека за време на неговото преместување овие ракописи биле изгубени, но сепак продолжил да пишува.

Откако бил ослободен од Шартенон во 1790, се развел од неговата жена.

Враќање на слобода, именување за делегат во Националнио конвент и негово затворање

Додека бил на слобода,од 1790, Сад анонимно објавил неколку негови дела. Ја запознал Мари Констанс Кенет, поранешна глумица и мајка на шестгодишно дете која била напуштена од нејзиниот сопруг и со која Сад го поминал остатокот од неговиот живот. Уште од почетокот му се допаѓала новата политичка ситуација по револуцијата и се нарекувал себеси “граѓанинот Сад” и успеал да дојде до неколку позиции и покрај неговото аристократско минато.

Поради штетата која му била нанесена на неговиот имот во Лакост (кој бил запленет во 1789) од една група тој морал да се пресели во Париз.Во 1790 бил избран во Националниот конвент каде што ја претставувал левицата и бил член на одделот Пик, озлогласен поради неговите радикални погледи.Напишал неколку политички памфлети.Но, многу работи укажуваат на тоа дека револуционерите не го сакале поради неговото благородничко минато.Работите уште повеќе се влошиле по дезертирањето на неговиот син од војска. Сад бил принуден да го отфрли дезертирањето на неговиот син за да му го спаси животот.

Иако не ја поддржувал Јакобинската диктатура од 1793, тој напишал една пофалба за Жан Пол Марат.Почнал сè повеќе и повеќе да го критикува Максимилијан Робеспјер и на 5 декември бил отстранет од неговата позиција и бил затворен речиси цела година.Бил ослободен во 1794 по симнувањето од власт и егзекузијата на Робеспјер. Во 1796 морал да го продаде разрушениот замок во Лакост.

Затворање поради неговите дела и неговата смрт

Во 1801 Наполеон Бонапарт наредил апсење на анонимниот автор на „Јустина“ и „Јулиета“. Сад бил уапсен во канцеларијата на неговиот издавач и бил притворен без судење, прво во затворот во Сен Пелажи а потоа, по обвиненијата дека се обидел да заведе млади затвореници, во озлогласената тврдина Бисетр.По интервенцијата од неговото семејство во 1803 тој бил прогласен за луд и бил повторно преместен во болницата за душевни болести во Шартенон. Неговата поранешна жена и неговите деца се согласите да ја плаќаат неговата издршка а на Констанс ѝ било дозволено да живее со него во Шартенон. Директорот на институцијата Абе де Кулмиер му дозволил таму да се прикажуваат неговите претстави за да може да ги гледа целата публика од Париз.Во 1809 Сад бил ставен во самица и не ми било дозволено крај себе да има хартија или перо.во 1813 владата му наредила на Кулмиер да го забрани театартот на Сад.

Сад започнал врска со 13-годишната Мадлен Леклерк, ќерка на еден вработен во Шартенон. Љубовната врска траела четири години сè до смртта на Сад во 1814.

Во неговиот тестамент Сад забранил да се отвора неговото тело ,да остане 48 часа во собата во која умрел и да не се допира, а потоа да биде сместено во ковчег и да го закопаат на неговиот имот во Малмезон близу Епернон.Сепак, неговиот череп подоцна бил отстранет од гробот поради френолошки истражувања.Неговиот син ги изгорел сите негови останати ракописи, вклучувајќи го и делото Денови во Флорбел коешто се состоело од неколку томови.

Многу артисти и писатели биле или фасцинирани или чувствувале одвратност кон Сад.Современикот на Сад, порнографот Ретиф де ла Бретон во 1798 објавил едно дело, Анти-Јустина.

Џофри Горер, англиски антрополог и автор (1905-1985) е автор на Револуционерните идеи на Маркиз де Сад ,една од првите книги за Сад .Во неа тој објаснува дека Сад бил противник на современите филозофи поради “целосното одрекување од правото на имот” и поради тоа што не ги гледал настаните во Француското општество од 18 век како проблеми помеѓу “кралот, буржоазијата,аристократијата или свештенството” туку како “сите овие да се обединети против пролетаријатот”. Поради ова тој се смета за мислител од средината на 18 век и Горер смета дека може да се смета како предвесник на социјализмот.

Симон де Бовоар (со нејзиниот есеј Мора ли да го изгориме Сад?) и некои други писатели пробале да најдат траги на радикална филозофија на слободата во делата на Сад, кои би му претходеле на современиот егзистенцијализам. Него исто така го гледаат и како предвесник на психоанализата на Сигмунд Фројд со неговото фокусирање кон сексуалноста како главен мотив за се.Надреалистите му се восхитуваат и го сметаат за нивен претходник а Жијам Аполинер го нарекол “човекот со најслободен дух што некогаш постоел”.

Пјер Клосовски во неговата книга од 1947 Сад, соседу мој ја анализира филозофијата на Сад како предвесник на нихилизмот кој ги отфрла христијанските вредности.

Еден од есеите на Макс Хоркхајмер и Теодор Адорно' во Дијалектиката на образованието е наречен Јулиета или Просветителството и моралот и го објаснува грубото и лукаво однесување на Јулиета.Потоа, психоаналитичарот Жак Лакан во неговиот есеј Кант и Сад утврдил дека етиката на Сад била дополнителен крај на категоричкиот императив кој бил создаден од Имануел Кант.

Во 1988 , Вилијам Е. Конополи го анализира романот на Сад 120 дена во Содома како аргумент против поранешните политички филозофи, особено Жан Жак Русо и Томас Хобс. Камиј Пажија вели дека Сад најдобро може да биде сфатен како сатирист кој му одговара на тврдењата на Русо дека општеството ја сопира и ја расипува вродената човечка добрина.

Во Жената во делата на Сад и идеологија на порнографијата Ангела Картер го гледа Сад како “морален порнограф” кој создава место и за жената.Спротивно на ова, Андреја Дворкин го гледа Сад како пример за порнограф кој ги мрази жените и со ова ја поддржува нејзината теза дека порнографијата води кон насилство врз жената.Едно поглавје од нејзината книга Порнографија: Мажи кои ги поседуваат жените е посветено на анализите на Сад .Сузи Брајт смета дека првиот роман на Двоткин Оган и лед кој е исполнет со насилство може да се смета како современа верзија на Јулиета од Сад.

Влијание