мини|десно|425п|Периоден систем на елементите каде секоја колона е група означена со соодветна бројка. Група или семејство — поим во хемијата кој означува колона од периодниот систем на елементите. Постојат 18 вакви групи означени со бројка, освен колоните на f-блокот (меѓу група 2 и 3). Елементите во една група имаат слични физички и хемиски особености на најнадворешните електронски обвивки на нивните атоми (т.е. имаат ист јадрен полнеж), со оглед на тоа што највеќето хемиски својства ги одредува орбиталната положба на најнадворешниот електрон.
Постојат три начини на означување на групите. Современиот начин на бележење (група 1-18) е препорачан од Меѓународниот сојуз за чиста и применета хемија (МСЧПХ или IUPAC) и претставува замена за две постари шеми кои предизвикуваат забуни. Групите може да се означуваат и според нивниот најгорен елемент, или пак да имаат сопствен назив. На пример, групата 16 се нарекува и кислородна група или халкогени. во 1989 г. како појдовен е земен долгиот облик на периодниот системСайфуллин Р.С., Сайфуллин А.Р. Новая таблица Менделеева // Химия и жизнь.— 2003.— № 12.— С. 14—17. со препорака да се користат арапските бројки од 1 до 18.
Групи
Нов назив(МСЧПХ) По старо(МСЧПХ) CAS Називи според елементи Тривијален назив Белешка литиумско семејство алкални метали* Водородот ѝ припаѓа на оваа колона, но не се смета за алкален метал берилиумско семејство земноалкални метали* скандиумско семејство Се состои од реткоземните елементи и актиноидите титанско семејство ванадиумско семејство хромно семејство манганово семејство железно семејство кобалтно семејство никлено семејство бакарно семејство монетни метали цинково семејство испарливи метали борово семејство триели, икосагени триели = „третници“ јаглеродно семејство тетрели, кристалогени тетрели = „четвртници“ азотно семејство пниктогени* кислородно семејство халкогени* флуорно семејство халогени* или благородни гасови*, аерогени
Поврзано Блок (периоден систем) Периода (периоден систем)
Наводи
Литература
Категорија:Периоден систем на елементите