Граждано или Граждено (се среќаваат и Граждани и Граждени; , Врондеро; до 1926 г. Γκράσδενι, ГраздениΜετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας. Γκράσδενι - Βροντερόν) — село во Егејска Македонија, Грција, во општината Преспа, област Западна Македонија. Населението брои 46 жители (2021). До 1949 г. ова село имало 120 куќи со 507 жители.

Во ова село, како и во цела Егејска Македонија, поголеми етнографски промени настануваат по Граѓанската војна во Грција 1949 г. По пат на сила жителите на с. Граждано биле принудени да ги напуштат своите огништа. Имено, на 15 август 1949 г. со повлекувањето на партизанските единици на ДАГ, со нив се повлекло и цивилното население од Долна и Мала Преспа. Зад нив останале нивните имоти и куќи. Новонастанатата положба ја искористиле грчките власти, кои во 1953 г. ја колонизирале Долна и Мала Преспа со погрчено влашко население од Епир кое се вселило во напуштените куќи и го приграбило целокупниот имот на прогонетите жители. Тие ги погрчиле и македонските топоними. Новодојдените селото го нарекуваат Врондеро.

За да не останат историски траги од минатото, тие го урнале старото училиште, ги исушиле селските бари, ги покриле селските бунари, го асфалтирале патот, а селските гробишта повеќе не постојат, срамнети сè до земја. На истото место грчките власти подигнаа еден мермерен споменик во чест на паднатите кралски војници. Како потсетник на минатото и понатаму се издига селската црква „Св. Никола“, изградена 1888 г. од Васил Чклаов.

Потекло на поимот

За името на селото постојат повеќе претпоставки. Записи има од 1660 година и се наоѓаат во Слепченскиот кодекс, летописи, хроники и записи. Истото, во статистичките податоци од 1888 на Васил К’нчов е споменато како Граждани. Етнографски земено, ова име е поврзано со глаголската придавка „градено“. Може да произлегува и од именката „град“ или од старословенскиот збор „граждани“. Ова име, исто така, може да означува и природно оградено, заградено место со планини и езера.Христо Ристовски, Гоче Дробицки: Граждено:1949. Издадено од „Здружение на деца бегалци од егејскиот дел на Македонија“, Скопје, 2001, стр. 18-19Д-р Тодор Христов, Населените места во Егејска Македонија, Скопје, 1998, стр. 49Theophylacti opera IV, стол. 529

Од 1928, еленизираното име на ова село гласи Врондеро.Христо Ристовски, Гоче Дробицки: Граждено:1949. Издадено од „Здружение на деца бегалци од егејскиот дел на Македонија“, Скопје, 2001, стр. 19

Географија и местоположба

Граждено се наоѓа во Егејска Македонија, во реонот Мала Преспа, леринската околија. Тоа е сместено до албанската граница, лежи на 1.090 метри надморска височина и е оддалечено 15 км од бреговите на Големото Преспанско Езеро и 4 км од Малото Преспанско Езеро. Атарот на селото зафаќа површина од 24 км2. Во составот на гражданската општина влегува и селото Трново.Христо Ристовски, Гоче Дробицки: Граждено:1949. Издадено од „Здружение на деца бегалци од егејскиот дел на Македонија“, Скопје, 2001, стр. 15-18

Преку Глабоки-долско поле селото се граничи со Орово. Понатаму главниот пат поминува низ Винени и ги одвојува бреговите на двете преспански езера, и продолжува кон граничниот појас. Преку западните планински прооди ова село се поврзува со Корча. Исто така, на западниот дел од селото се наоѓаат преодни ридови кои водат кон селото Церје, Албанија. На југ се наоѓа ридскиот пат преку Трновските Скали кој води кон Трново. На исток, селото е поврзано со Дробитишта.

Од сите страни природно е заштитено со планини, висини и езера. Околу него, повеќе врвови се спуштаат и ги создаваат селските ридски полувисини. Од источната страна на селскиот атар допираат падините на Осој, додека од западната страна планинските врвови постепено опаѓаат и истите се претвораат во плодна рамнина. Од вакви рамнини и полувисини е создадено гражданското и оровското поле.

Топонимија Ова е список на позначајните топоними во Граждано и околината:

Историја

Се смета дека оваа населба настанала во средниот век од пребеганите жители на градот Преспа. Ова село се наоѓа во непосредна близина на средновековната населба Драгуница.

По пат на откуп, во 1860, бил откупен гражданскиот чифлик од Илиет-паша. Во откупот учествувале следните жители од Граждено: Ристо Прогун кој го откупил долниот дел од селото со неколку полски и ридски ниви и со две куќи, а горниот дел бил откупен од Најдо Костовски, со голем дел на ниви за орање и една куќа. Уште два поголеми дела од имотот купиле Никола Кочовски и Рале Ралевски. Исто така, со помали делови од имотот се здобиле Стерјо Марковски и Никола Несторовски. Во наредните години уште неколку луѓе се решиле да откупат земјиште околу граждено и во околните села, па така, во 1880 година, во Граждено останало уште само едно турско семејство.Христо Ристовски, Гоче Дробицки: Граждено:1949. Издадено од „Здружение на деца бегалци од егејскиот дел на Македонија“, Скопје, 2001, стр. 62

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Граждино се води како чисто македонско село во Битолската Каза на Битолскиот Санџак со 51 куќа.

Илинденско востание

Пред илинденското востание, жителите на Граждено располагале со 55 пушки.Христо Ристовски, Гоче Дробицки: Граждено:1949. Издадено од „Здружение на деца бегалци од егејскиот дел на Македонија“, Скопје, 2001, стр. 58 Со почетокот на востанието, револуционерните чети на Преспа го нападнале турскиот аскер во Наколец. По неколку неуспешни борби, Горското начелство наредило месното население, заедно со револуционерните чети, од селата Граждено, Орово, Церје и Дробитишта да се повлечат во скривниците на Осо Планина. По оваа наредба во Граждено останала само селската востаничка полиција, која броела повеќе од 50 востаници, а со нејзе раководеле Тасе Јанковски и Најдо Костовски.Христо Ристовски, Гоче Дробицки: Граждено:1949. Издадено од „Здружение на деца бегалци од егејскиот дел на Македонија“, Скопје, 2001, стр. 69С. И. Веркович, Топографическо - етнографическии орочек Македонии, С. Петерсбург, 1889, стр. 220-232

На 25 септември, 1903, здружените востанички сили на Мала Преспа, предводени од Ангел Доневски, го нападнале арнаутското село Церје. Откако биле одбиени од турскиот аскер, турските воени формации започнале да напредуваат преку Ракицко кон Граждено. По претходната наредба, цивилното население веќе било повлечено на Осо планина. За одбрана на селото, од востаничкиот комитет, бил задолжен попот Петре Василовски. И покрај добрата организација на востаниците, многубројната турска војска успеала да ги порази и да го опустоши селото.

Во текот на илинденскотот востание од Граждено учествувале вкупно 95 лица. Исто така, имало 8 граждански жртви во востанието и повеќе жители биле прогонети.Христо Ристовски, Гоче Дробицки: Граждено:1949. Издадено од „Здружение на деца бегалци од егејскиот дел на Македонија“, Скопје, 2001, стр. 71-72

Прва светска војна

Во текот на Првата светска војна, повеќе жители од Граждено се вратиле од САД за да се приклучат во комитското движење. Во овој период, меѓу најпознатите војводи во Преспа бил Петре Доневски кој имал своја мрежа на дејствување во Нивици и Стење.Христо Ристовски, Револуционерната активност на Петре Ангеловски, Скопје, 1985, стр. 191-197Историја на СР Македонија, XX век бр.2 Поради неговиот прогон, српскиот платеник Јован Бабунски ги ограбувал и пустошел селата, меѓу кои и Граждено. За да му се стави крај на комитското движење во Долна и Мала Преспа, француските власти наредиле да се исели пограничното население. За овој настан Танас Костовски во својот бележник напишал: Во овој временски период од Граждено починале повеќе од 70 деца.Христо Ристовски, Гоче Дробицки: Граждено:1949. Издадено од „Здружение на деца бегалци од егејскиот дел на Македонија“, Скопје, 2001, стр. 78-82

Втора светска војна

При мобилизацијата од страна на Грција, од Граждено биле испратени 38 лицаХристо Ристовски, Гоче Дробицки: Граждено:1949. Издадено од „Здружение на деца бегалци од егејскиот дел на Македонија“, Скопје, 2001, стр. 97 на италијанскиот фронт. Цивилното население од ова село изведувало повеќе работи кои биле поврзани со одбраната на Грција: копале ровови, окопи, правеле бункери и засолништа. Бидејќи се наоѓало помеѓу двете завојувани страни, на 29 август, 1940, им било наредено да се евакуираат за да се спасат од инвазијата на Италија. Населението најпрво престојувало две недели во селото Р’би, а потоа било преместено во Герман каде што останале подолг период. По протерувањето на италијанците од овој регион, во ноември 1940, гражденци се вратиле во родното село кое го начекале опустошено.Христо Ристовски, Гоче Дробицки: Граждено:1949. Издадено од „Здружение на деца бегалци од егејскиот дел на Македонија“, Скопје, 2001, стр. 95

Поради поволната географска положба и создадената револуционерна клима, во селото Граждено биле присутни повеќе прогресивни политички организации. Во 1941 од Лерин доаѓале партиски активисти во Преспа кои агитирале за КПГ. Од селските активисти со нив сораборувале: Митре Пројковски, Никола Василовски и Атанас Костовски. Кон крајот на 1943 во селото била прифатена и работата на АФЖ чие раководство го сочинувале Митра Несторовска, Вида Ристовска и Ристосија Ристовска. Истата година во Долна и Мала Преспа се појавиле и редовни партизански одреди од Вардарска Македонија кон чии редови се приклучиле 8 гражденци.Христо Ристовски, Гоче Дробицки: Граждено:1949. Издадено од „Здружение на деца бегалци од егејскиот дел на Македонија“, Скопје, 2001, стр. 98-103

Заминување на децата во Чехословачка

Организираното заминување на децата од Долна и Мала Преспа се одвивало преку граничниот појас Маркова Нога и за нивното иселување се грижел селскиот народен одбор. Децата од Граждено биле поделени во 8 групи и за секоја група била назначена повозрасна девојка т.н. „мајка“. Групирањето на децата се вршело според крвно сродство и секоја група се состоела од 18 до 25 деца, а децата биле од 2 до 14 годишна возраст. Првата група од ова село заминала на 7 март, 1948, додека втората група во која влегувале повозрасните деца тргнала на 8 март, 1948.Христо Ристовски, Гоче Дробицки: Граждено:1949. Издадено од „Здружение на деца бегалци од егејскиот дел на Македонија“, Скопје, 2001, стр. 106 Двете групи се споиле во селото Нивици. За нив се грижеле „мајките“: Вера Ангеловска, Софија Василовска, Олга Јаневска, Менка Костовска, Доста Кочовска, Стефанка Маркојчина, Лефтерија Пројковска и Менка Ралевска. При преминувањето на граничниот премин кај месноста Маркова Нога, на југословенската граница, децата биле прифатени од учителот Лазо Ангеловски. При збогувањето, Лазо кон децата ги упатил зборовите:Христо Ристовски, Гоче Дробицки: Граждено:1949. Издадено од „Здружение на деца бегалци од егејскиот дел на Македонија“, Скопје, 2001, стр. 107

На 20 март 1948, преку Скопје, Белград, Будимпешта продолжиле кон Чехословачка каде истиот ден пристигнале во градот Микулов каде грижата за нив ја презеле чешките власти. Оттаму биле префрлени во детски дом во градот Уничов каде се школувале на мајчин јазик, а нивен учител бил Никола Стојановски од селото Герман.Христо Ристовски, Гоче Дробицки: Граждено:1949. Издадено од „Здружение на деца бегалци од егејскиот дел на Македонија“, Скопје, 2001, стр. 108

Бр.Одговорна „мајка“Број на децаХристо Ристовски, Гоче Дробицки: Граждено:1949. Издадено од „Здружение на деца бегалци од егејскиот дел на Македонија“, Скопје, 2001. Именик на децата кои биле пренесени, одделно по групи на секоја од „мајките“ стр. 114-123 1 Ангеловска Вера 20 2 Василовска Софија 22 3 Маркојчина Стефанка 24 4 Јанетому Олга 22 5 Ралевска Менка 22 6 Кочовска Доста 25 7 Пројковска Лефтерија 23 8 Костовска Менка 22

Занимања на селаните