Томас Џеферсон (, - ) — третиот претседател на САД (1801-1809), главниот автор на Декларацијата за независност (1776) и еден од највлијателните „татковци“ на САД и поборник за идеалите на републиканството. Главни случувања за време на неговиот мандат се купувањето на Луизијана од Франција (1803) и експедицијата на Луис и Кларк (1804-1806).

Џеферсон бил политичар, филозоф и претставник на просветителството и познавал многу интелектуалци - водачи во Велика Британија и Франција. Тој го сметал независниот земјоделец како пример на доблестите на републиканството, не верувал во градови и финансиери и се залагал за поголеми права и самоуправа на државите и лимитирана федерална влада. Џеферсон го поддржувал принципот на одделување на црквата од државата и бил автор на Статутот на Вирџинија за Слобода во Религијата (1779, 1786). Тој бил епоним на Џеферсоновата демократија и соосновач и водач на Демократско-републиканската партија која ја доминирала американската политичка сцена во должина од четврт век. Џеферсон бил Гувернер на Вирџија за време на војната (1779-1781), првиот Државен секретар на САД (1789-1793) и вториот заменик претстедател на САД (1797-1801).

Џеферсон имал енциклопедиско познавање на историјата и науката и покажал особени успеси како државник, хортикултурист, архитект, археолог, палеонтолог, автор, пронаоѓач и основач на Универзитетот на Вирџинија. Во 1962 година претседателот Џон Кенеди пречекал 49 нобеловци во Белата Куќа и во таа прилика рекол: „Мислам дека ова е најневеројатната грутка на талент и знаење што се има собрано во Белата Куќа, можеби со исклучок на случаите кога Џеферсон јадел сам тука“.

Изуми Џеферсон измислил многу мали практични уреди и подобрил изуми од тоа време, вклучувајќи ротирачка поставка за книги и „голем часовник“ погонуван од гравитацијата на топовски ѓулиња. Тој ги подобрил педометарот, полиграфот (уред за дуплирање на пишување),Univ. Virginia archives и плуг со превртување на земјата, идеја што никогаш не ја патентирал и ја дал на потомството.Malone, 1962, стр. 213–215. Џеферсон може да се смета и за творец на вртечката столица, првата што ја создал ја искористил за да напише голем дел од Декларацијата за независност.Kaplan, 1993, стр. 315. Прво се спротивставил на патентите, но подоцна ги поддржал. Од 1790 до 1793 година, како државен секретар, тој бил „ex officio“ раководител на тричлениот одбор за преглед на патенти. Изготвил реформи на американскиот закон за патенти што довело до негово разрешување од оваа должност во 1793 година, а исто така драстично го променил и патентниот систем; source also links to two related 21st-century sources

Како амбасадор во Франција, Џеферсон бил импресиониран од програмата за воена стандардизација позната како Систем Грибовал и како претседател отопочнал програма за развој на заменливи делови за огнено оружје. За неговата инвентивност и генијалност, Џеферсон бил награден со почесна титула доктор по право од Универзитетот Харвард во 1787 година.Peterson, 1970, стр. 335–336.

Наводи

Категорија:Претседатели на САД Категорија:Гувернери на Вриџинија Категорија:Американски писатели Категорија:Американски дејци Категорија:Американски архитекти Категорија:Политички филозофи Категорија:Просветителски филозофи Категорија:Американски филозофи Категорија:Просветителство Категорија:Членови на Американската академија на уметностите и науките Категорија:Членови на Кралската холандска академија на уметностите и науките Категорија:Членови на Американското филозофско друштво Категорија:Луѓе од Вирџинија Категорија:Американски пронаоѓачи Категорија:Потпретседатели на САД