Либанскиот арапски јазик е јазик кој спаѓа во групата на семитски јазици и во подгрупата на арапски јазици. Овој јазик се зборува во Либан. Овој јазик претставува една од формите на арапските јазици. Радикалните десни партии во Либан овој јазик го сметаат како посебен од арапскиот јазик. Според нив, доколку палестинскиот арапски јазик, египетскиот, ирачкиот и мароканскиот арапски јазик се сметаат како посебни, би требало и либанскиот да биде согледуван како таков. Всушност, сите арапски јазици се разликуваат од арапскиот јазик, но сите се взаемно поврзани помеѓу себе.

Категорија:Арапски јазици Категорија:Семитски јазици Категорија:Јазици во Либан