мини|200п|десно|Дизајн на корицата Светлата страна на готиката е книга од македонската блогерка Crystal Castle, издадена во едицијата „Блог-записи“. Едицијата е составена од 14 книги на независни автори - блогери на издавачката куќа „Аквариус пет“.Метаморфозис, фондација за одржливи информатички решенија - 14 македонски блогери промовираа печатени книги, 28 март 2008. [Страницата е посетена на 17 јули 2008]
Вистинското име на авторот е Ирена Јурчева, родена 1982 година. Авторката е професор по англиски јазик и преведувач од англиски и француски јазик. Расказите во книгата се налик на зачеток на роман. Темите се со мотиви од Библијата, и од приказната за убавицата и ѕверот. „Не можам да се освестам од вчерашната напивка. Нежноликата љубов ме погали со својата мека дланка по моето грубо лице. Ми го принесе до устата нејзиниот сладок нектар. Сè уште ме држи нејзиниот опиум. Цела вечер танцував со мојата мила заробеничка... Нејзината рака во мојата шепа - Неизречива спротивност, редок спој.“ Светлата страна на готиката, Скопје:2008; ISBN 978-608-4502-00-5
Наводи
Блогот на Crystal Castle - блог од кој се вклучени постовите во книгата
Категорија:Издание Блог-записи