Семеен тип () — американска анимирана ситуациска комедија, создадена од Сет МекФарлен за ФОКС во 1999 година. Серијата беше откажана во 2000 година и пак продолжена со снимање во 2002. Во 2005, ФОКС пак го вметна Фемили Гај според многу профит од дигитален видео диск и интерес во повторувањата на Картун Нетворк.
Дејствието се одвива во измислениот град Куохог (Quahog) во Род Ајленд во нефункционалното семејство Грифин составена од Питер, Лоис, Мег, Крис, Стјуи и кучето Брајан. Оваа анимирана комедија стана популарна по неконвенциналниот начин на тек на сцените, каде често истите се прекинувани од секундарни сцени кои го нарушуваат линеарниот тек на настани. Фемили Гај го критикува американското општество, нивните традиции и се исмејува на доминантниот однос кој Америка го има врз светот.
Извори
Категорија:Телевизиски серии со почеток во 1999 година