Орландно Џонатан Бланчард Блум (англиски: Orlando Jonathan Blanchard Bloom, , ) или само како Орландо Блум е англиски глумец. Својата кариера ја започнал уште во 1994 година, но својот светски успех го забележал во 2001 година со улогата Леголас во филмот Господар на престените и со улогата на Вил Тарнер во филмот Пиратите од Карибите. Покрај овие филмови, тој зел учество и во големите филмски проекти како Троја и Небесното кралство. Својата кариера Блум ја започнал во Театарот на Војводата од Јорк. На 12 октомври 2009 година Орландо Блум станал амбасадор на добра волја на УНИЦЕФ.

Ран живот

Орландо Блум е роден во Кантербери во Англија. Неговата мајка Соња Констанс Џозефин е родена во Калкута, Индија, ќерка на Бети Констанс Џозефин Вокер и Франсис Џон Коупланд. Преку неговата мајка, Орландо Блум е братучед со познатиот фотограф Себастијан Коупланд. За време на неговото детство, на Блум му било соопштувано дека негов татко бил Хери Блум, но на неговата 13. возраст, девет години по смртта на Херу Блум, му било соопштено дека всушност негов биолошки татко бил Колин Стоун, семеен пријател. Орландо бил именуван по композиторот Орландо Гибонс и има една сестра, Саманта Блум.

Филмографија година филм улога забелешки1994-1996Несреќен случајекстра/Ноел Харисон/пациентТВ, 3 епизоди1997ВајлдиРентбој2000Убиства во МидсамерПитер ДринкватерТВ, 1 епизода2001Господар на прстените: Дружината на прстенотЛеголасПадот на црниот соколТод Блекбрн2002Господар на прстените: Двете кулиЛеголас2003Нед КелиЏозеф БрнПиратите од Карибите: Проклетството на Црниот бисерВил ТарнерГосподар на прстените: Враќањето на кралотЛеголас2004Дете од калциумЏими КонелиТројаПарисХавенШај2005Небесно кралствоБалиен Де ИбелинЕлизабеттаунДру Бејлор2006Пиратите од Карибите: Ковчегот на мртовецотВил ТарнерСтатистиБаристерТВ, 1 епизода2007Пиратите од Карибите: На крајот на светотВил ТарнерЕверест: искачување за мирраскажувачдокументарен филм2009Њујорк, те сакамДејвид2010Sympathy for DeliciousСтејнГлавна улицаНерис Паркерпост-продукцијаКрство снимање

Наводи

Надворешни врски

Разговор со Орландо Блум за independentfilm.com

Категорија:Англиски глумци Категорија:Живи луѓе Категорија:Англиски филмски глумци