Црн бор (науч. Pinus nigra) ― умерено варијабилен вид бор, кој се среќава низ Јужна Европа од Пиринејскиот Полуостров и Долна Австрија до источниот Медитеран, на анадолскиот полуостров Турција, Корзика и Кипар, како и Крим и во високите планини на Северозападна Африка. Расте и во Македонија.
Опис Pinus nigra е големо зимзелено дрво, кое расте до 40 метри. Кората му е темносива до темнокафеава. Пупките се јајцевидни или цилиндрично јајцевидни, заострени, слабо смолести. Младите гранчиња се голи, светлокафеави до портокалово кафеави. Игличките по две во снопче, долги 8- 15 см, широки 1-2 мм, светло или темнозелени, тврди, на врвот остри. Шишарките се собрани по 2-4, јајцевидни, долги 4-8 см, широки 2-4 см. Семенките се долги 5-7 мм, сиви и со кафеави флеки, а крилото е долго до 25 мм.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 79, МАНУ, Скопје, 1985
Таксономија Видот е поделен на два подвида, секој понатаму поделен на три варијанти. Некои авторитети (на пр. Flora Europaea) третираат неколку од варијантите како подвид, но ова ја одразува традицијата, а не вистинската таксономија, бидејќи разликите меѓу таксоните се мали.
Подвидови P. nigra subsp. nigra на исток од опсегот, од Австрија, североисточна и централна Италија, источно до Крим и Турција. Иглите се цврсти, крути, 1,5-2 мм дијаметар, со 3-6 слоја на хиподермални клетки со дебели ѕидови. P. nigra subsp. nigra var. nigra (син. Pinus nigra var. austriaca, Pinus nigra subsp. dalmatica) (австриски бор): Австрија, Балкан (освен јужна Грција). P. nigra subsp. nigra var. caramanica (турски црн бор): Турција, Кипар, јужна Грција. P. nigra subsp. nigra var. italica (италијански црн бор): централна Италија (Вилета Бареа, во Националниот парк Абруцо) P. nigra subsp. nigra var. pallasiana (син. Pinus nigra subsp. pallasiana) (кримски бор): Крим, Кипар. P. nigra subsp. salzmannii во западниот дел од опсегот, од јужна Италија до јужна Франција, Шпанија и Северна Африка. Иглите се тенки, пофлексибилни, дијаметар, со 1-2 слоја на тенкоѕидни хиподермални клетки. P. nigra subsp. salzmannii var. salzmannii (пиринејски бор): Пиринеи, Јужна Франција, Северна Шпанија. P. nigra subsp. salzmannii var. corsicana (син. Pinus nigra subsp. laricio, Pinus nigra var. maritima ) (корзикански бор): Корзика, Сицилија, Јужна Италија. P. nigra subsp. laricio P. nigra subsp. salzmannii var. mauretanica (црн бор на планините Атлас): Мароко, Алжир.
мини|Pinus nigra var. corsicana — корзикански бор, на Корзика „Plants of the World Online“ и „The Gymnosperm Database“ прифаќаат пет подвида и една сорта.
Распространетост и живеалиште Црниот бор е дрво од медитеранските шуми и грмушести предели. Поголемиот дел од опсегот е во Турција. Расте на повисоките надморски височини во екорегионот на мешани планински шуми на Јужните Апенини во јужна Италија и екорегионот на тиренско-јадрански склерофилни и мешани шуми на Сицилија. Постојат преостанати популации во екорегионот на медитерански четинари и мешани шуми во северозападна Африка, поточно во планините Риф во Мароко и планините Ходна во Алжир.
Се наоѓа на надморска височина од 2000 метри, а најчесто од 250 до 1600 метри. Потребно е целосно сонце за да расте добро, не толерира сенка.
Во Македонија Во литературата се наведува дека во Македонија се присутни подвидовите: subsp. pallasiana, кој е многу чест, subsp. gocensis е многу редок, а subsp. nigra не е присутен во Македонија. Поголеми истражувања не се направени во Македонија за црниот бор, поради тоа не постои мапа на распространетост на територијата на Македонија, иако се знае дека црниот бор расте на повеќето планини во Македонија.
Најстаро дрво мини|Најстариот црн бор во светот е стар околу 1000 години и се наоѓа во Турција. Најстариот црн бор во светот, кој се наоѓа во округот Баназ во Ушак, Турција, се проценува дека е стар 1.000 години. Има висина од 11 метри, со дијаметар од 3 метри, и обем од 9,6 метри.
Наводи
Надворешни врски
Страница за видовите EUFORGEN: Pinus nigra . Информации, дистрибуција и сродни ресурси.
Категорија:Украсни дрва Категорија:Бор (род) Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија