Pinus heldreichii ― вид бор кој потекнува од планинските региони на Југоисточна Европа и, во помала мера, од планинскиот јужен Апенински Полуостров.
Опис Дрвото е високо до 20 метри, со круна која има пирамидална или речиси пирамидална форма. Кората на стеблото е сива, местото на отпаднатите делови на кората има жолтеникава боја. Младите гранчиња се голи, до три години остануваат бледосиви, а потоа стануваат црвеникаво кафеави. Пупките не се смолести. Игличките се долги 6-9 см, широки се 1,5 мм, по две во снопчиња, кожести, на врвот обично заострени, со 3-5 реда хиподермални клетки. Шишарката е долга 7-8 см, широка е 2,5 см, апофизата е пирамидална. Семката долга околу 7 мм, а крилото 25 мм.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 80-81, МАНУ, Скопје, 1985
Номенклатура Видот првпат е опишан како Pinus heldreichii од швајцарскиот ботаничар Херман Крист во чест на Теодор фон Хелдрајх во 1863 година од примероци што фон Хелдрајх ги собрал на планината Олимп, а потоа е опишан втор пат како Pinus leucodermis во 1864 година. Авторот на вториот опис (австрискиот ботаничар Ф. Антоан, кој го пронашол на Орјен над Которскиот Залив во Црна Гора) не бил свесен за малку претходното објавување од Крист. Помеѓу двата описа се наведуваат некои мали морфолошки разлики (што доведува до одржување на двата како посебни таксони од страна на неколку ботаничари), но ова не е поткрепено со современите студии за видот, кои покажуваат дека обете имиња се однесуваат на истиот таксон.
Распространетост Може да се најде во планините на Босна и Херцеговина, Црна Гора, југозападна Бугарија, Албанија, Македонија, Косово, северна Грција, а локално и во јужна Италија (тој е симбол на Националниот парк Полино). Расте на надморска височина од 900-2500 метри, со што достигнува алпска линија на дрвјата во овие области.
Во Македонија овој бор има ограничено распространување, и се наведува за планините: Шар Планина, Галичица и Ниџе, и тоа како Pinus heldreichii и како Pinus leucodermis.
Долговечност Едно дрво во Северна Грција било датирано како старо 1.075 години во 2016 година.
Она што се верува дека е најстарото познато живо дрво во Европа е откриено во оддалечена планинска област на Националниот парк Полино во јужна Италија. Станува збор за бор од видот Pinus heldreichii, проценето на старост од 1.230 години. Голем дел од неговото јадро се претворило во прав, но има доволно нов раст за да се потврди дека е сè уште живо.
Значаен примерок на Пирин Планина во Бугарија, познат како Бајкушев бор, е висок 24 метри, во дијаметар има 2,2 метри, и се проценува дека е стар над 1300 години.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Pinus heldreichii European Forest Genetic Resources Programme (EUFORGEN)
Категорија:Флора на Црна Гора Категорија:Бор (род) Категорија:Флора на Европа Категорија:Флора на Италија Категорија:Флора на Бугарија Категорија:Флора на Босна и Херцеговина Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Флора на Македонија