Spiraea media, е вид цветно растение од семејството рози. Потекнува од ладноумерена Евроазија, од Австрија до Камчатка, а е воведена и во Велика Британија, Германија, балтичките држави, Белорусија и централноевропска Русија.

Опис Грмушка, до 1,5 м висока, со вертикални, округли, црвеникаво-кафеави гранчиња.

Младите гранчиња влакнести, а постарите голи.

Листовите јајцевидни, елиптично-копјести до широко-елиптични, до 5 цм долги, 2 цм широки, на врвот тапи или кусо заострени, во основата обично клиновидни, во долната половина по работ целокрајни, а во горната назабени. Листовите во близина на соцветието обично целокрајни, младите листови со ретки влакна, или сицо влакнести на долната страна, додека старите листови се голи.

Соцветијата речиси топчести, и од голем број цветови, на куси гранчиња со мал број листови. Цветовите хермафродитни на голи до 2 цм долги дршки. Најдолните на подолги дршки а погорните покуси.

Чашкините ливчиња триаглесто-јајцевидни, 1-1,2 мм долги, на горната страна и по работ влакнести, а на долната голи. Венечните ливчиња бели, скоро круглести, 4-6 мм долги. Кај прецветаните цветови чашкините ливчиња свиткани надолу. Венечните ливчиња бели, широко-обратно-јајцевидни до скоро круглести, околу 3 мм долги. Прашничките листови во голем број, долги колку венечните ливчиња или малку подолги, антерите црвени. Столпчињата 5 околу 1,5 мм долги. Мешунчињата голиили со ретки влакна а поретко на врвот погусто влакнести, на стомачната страна подуени. Семките околу 2 мм светлокафеави.

Распространетост во Македонија Spiraea media во Македонија расте по каменливи и карпести места во субалпскиот појас.

Се посочува за Дренска Планина (Прилепско), Добра Вода (Кичевско), Липковска Река - браната „Глажња“ (Кумановско) и Кавадарци - с. Кесендре (Вишешница).

Подтаксони Прифатени се следните подвидови:

Spiraea media subsp. media – цела низа Spiraea media subsp. Polonica – Украина

Наводи

Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растенија опишани во 1792 година Категорија:Флора на Јапонија Категорија:Флора на Монголија Категорија:Флора на Узбекистан Категорија:Флора на Казахстан Категорија:Флора на Украина Категорија:Флора на Бугарија Категорија:Флора на Романија Категорија:Флора на Полска Категорија:Флора на Унгарија Категорија:Флора на Австрија Категорија:Градинарски растенија