Gymnocarpium dryopteris е листопадна папрат од семејството Cystopteridaceae. Распространет е низ поголемиот дел од Северна Америка и Евроазија. Го има е во Канада, САД, Гренланд, Кина, Јапонија, Кореја, Русија и поголемиот дел од Европа, расте и во Македонија. Тоа е растение без семе, васкуларно (со ксилем и флоем) кое се размножува преку спори, и има животен циклус со наизменични, слободно живи спорофитни и гаметофитни фази.
Опис Gymnocarpium dryopteris има мали, нежни листови до 40 см долги, со тернално сложени перки. Секое стебленце расте од еден јазол на ползечки ризом. Листовите се појавуваат поединечно. На долната страна од зрелите перки може да се најдат сори. Видот расте во зимзелени шуми и на падини од шкрилец.
Живеалиште Овој вид на папрат најчесто се јавува во влажни, засенчени шуми, со влажна почва и влажни услови. Често се наоѓа во дренажни области, ровови и северно насочени падини, напредува во почви кои се добро дренирани и имаат pH од 4,5-6,4. Текстурата на почвата варира од тињеста, глинеста иловица, до песоклив чакал. Се јавува на надморска височина од 520 до 1370 метри, по умерено стрмни падини со северна, источна и западна ориентација. Бидејќи е исклучително чувствителна на еколошки промени, оваа папрат е важен вид индикатор за влага.
Во Македонија Во Македонија расте по влажни места во планинскитот појас, на варовнички или силикатни камењари. Познат за Шар Планина, Кораб, Дешат, Јабланица, Јакупица, Пелистер, Кожуф, Осогово, Плачковица и Голак. Се посочува дека е виден и на планината Баба.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 72-73, МАНУ, Скопје, 1985
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Папрати Категорија:Флора на Македонија