Павлина Китановска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Со отпочнувањето на вооруженото востание била член на младинска воспитна група, а во 1942 година станала член на СКОЈ. Покажувајќи извонредна активност во извршување на задачите кон крајот на 1942 година бИла избрана за член на КПЈ. Во 1943 година била избрана за член на Месниот Комитет на КПМ - Гостивар и во еден период била одговорна по работата на партиската техника. Билa секретар на партиската ќелија во Маалото во кое живеела и на неколку младински воспитни и скоевски групи, преку кои успешно собирала народна помош. Во нејзиниот дом се одржувале илегални состаноци на Месниот Комитет на околискиот комитет на КПМ - Гостивар. Исто така престојувале и илегалци.

Воспитни групи Во 1942 година биле формирани три воспитни групи во Гостивар:

I. Српско Маало - Поповска Славка секретар на групата, а членови: Митревска Јелица и Стефановска Загорка; II. Македонско Маало - Дуцевска Марта секретар на групата, а членови: Китановска Павлина, Матевска Марија, Петровска Олгица; III. Ново Маало - Кипроска Магда секретар на групата, а членови: Иљоска Темјанка и Јаковлевска Санда;

Во текот на 1943 во бранот на апсења што го зафатил Гостивар, уапсени биле, Марта Дуцевска и членот на МК, Арсена Деспостовска. Непризнавајќи ништо, по 5 до 10 дена затвор, тие биле ослободени. Меѓутоа, наскоро доаѓа до нивно повторно затворање. И овој пат, мачните и понижувачки сослушувања не го скршиле нивниот револуционерен морал, па како и во првиот случај, во недостиг на докази, тие биле ослобдоени.

АФЖ во Гостивар

Првиот одбор на АФЖ во Гостивар постојано се ширел, така што од него изглегле уште две групи. Со првата продолжила да раководи Магда Кипроска, a втората ja раководела Марија Матевска. Бројот на жените што пристапувале кон сѐ уште илегалната opraнизација на АФЖ постојано се зголемувал, па во Дебар Маало се формирала ѝ третата група со која раководеле Арсена Деспотовска и Марта Дуцевска. Четвртата група на АФЖ во Гостивар се формира во Македонското Маало и таа била раководена од Павлина Китановска. Меѓу првите членки на АФЖ биле и: Славка Бундалевска, Санда Јаковлевска, Даница Кипровска, Верица Китановска, Рафа Китановска, Аница Михајловска и др.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ