Ангелина Китаноска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Таа била монополска работничка. Од 1940 година била член на воспитна група. Во 1942 година и самата раководела со воспитни групи. Во нивниот дом во септември бил формиран Месниот Комитет на КПЈ - Прилеп, а таа станала курир за разнесување писма низ градот, Битола и Скопје. Растурала пропаганден материјал од партиската техника по основните партиски организации. Во пролетта 1943 година била затворена од бугарската полиција. Била пуштена од затворот, но била под силно набљудување на полицијата и била задолжена три пати на ден да се јавува во полицискиот участок. Била користена и за префрлување на илегалци или симпатизери до врските во Варош, на кои доаѓале курири и истите ги воделе во партизанските одреди.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ