Јованка П. Кировска ( во — ) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис За време на окупацијата живеела во селото Трстеник, Тиквешко и учествувала во акциите за собирање оружје и сместување на истото во нејзината плевна. Чувала илегалци и се грижела за нивната безбедност и исхрана. По формирањето на партизанскиот одред „Добри Даскалов“, агитирала меѓу младината за стапување во НОВ. Летото 1943 година бугарската полиција вршејќи претрес во нивната куќа, донела одлука да ја потпали истата, но по интервенција на селаните ја измениле одлуката. Одржувала курирска врска. Во август 1944 гдина заедно со своето мало дете оди во партизани за да се засолне од малтретирањата и прогонувањата на бугарската фашистичка полиција.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ