Андалузитот е алуминиумски силикатен минерал со хемиска формула Al2SiO5. Овој минерал е именуван од Деламетери, кој мислел дека потекнува од Андалузија, Шпанија. Наскоро станало јасно дека станува збор за грешка во локацијата и дека проучуваните примероци всушност биле од Ел Кардосо де ла Сиера, во шпанската покраина Гвадалахара.

Андалузитот е триморфен со кијанит и силиманит, што е полиморф со понизок притисок и средна температура. На повисоки температури и притисоци, андалузитот може да се претвори во силиманит. Андалузитот е алумосиликатен индексен минерал, кој дава индиции за длабочината и притисоците вклучени во производството на карпата домаќин. мини|Тркалезен фацетиран андалузит

Врсти на андалузит Видот хиастолит најчесто содржи темни инклузии од јаглерод или глина кои формираат крстовидна шема кога се прикажуваат во пресек. Овој камен бил познат уште од шеснаесеттиот век, каде што бил носен од страна на аџии како сувенир кои се враќале од Сантијаго де Компостела.

Виридинот е зелена сорта на андалузит во која манганот 3+ го заменува алуминиумот, кој што е одговорен за бојата. Канонаит е зеленикаво-црн минерал сличен со андалузитот и има приближен состав.

Проѕирна врста се наоѓа во Бразил и Шри Ланка може да се исече во скапоцен камен. Фацетираните андалузитни камења даваат црвени, зелени и жолти бои што наликува на пригушена форма на иридесценција, иако боите всушност се резултат на невообичаено силен плеохроизам.

Појава Андалузитот е чест метаморфен минерал кој се формира под низок притисок и ниски до високи температури. Минералите кијанит и силиманит се полиморфи на андалузитот, секој од нив се јавува под различни односи на температура-притисок и затоа ретко се наоѓаат заедно во истата карпа. Поради ова, трите минерали се корисна алатка за да се помогне во идентификувањето на патеките на притисок-температура на карпата домаќин во која се наоѓаат. Особено е поврзан со пелитични метаморфни карпи како што е шкрилец.

Највисоката концентрација на андалузит во светот се наоѓа во рудникот Гломел во Арморски Брегови (Франција), кој сочинува 25% од глобалното производство на овој минерал. Јужна Африка поседува најголем дел од познатите светски наоѓалишта на андалузит.

Употреба Андалузитот се користи како огноотпорен материјал во печки и други индустриски процеси.

Наводи

Категорија:Скапоцени камења Категорија:Индустриски минерали Категорија:Орторомпски минерали Категорија:Незосиликати Категорија:Минерали на алуминиумот