Градиште — археолошко наоѓалиште во прилепското село Врпско. Претставува доцноантичка населба и ранохристијанска црква.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа на околу 1,5 километри северно од селото, на една впечатлива тумба покриена со реткото дрво тиса, кое не се експлоатирало од мештаните, бидејќи бил манастирски имот.

Денес, на тумбата постои скромна камена градба од камен и кал, покриена со салонитни табли, која ја претставува помалата селска црква „Св. Харалампиј“.

Опис

Во рамките на градбата може да се забележи и еден елемент од бел камен, кој претставува прозорско мено карактеристично за ранохристијанските црковни градби. Освен тоа, на горната површина на тумбата има и остатоци од темели од други градби, а според остатоците од поширокиот ѕид од јужната страна на тумбата, јасно е дека нејзината горна површина била заградена со поголем ѕид од камен. Освен највисокиот дел од тумбата, обѕидани биле и неколку пониски површини. Со тоа, површината која била заштитена со ѕид од камен била 0,1 хектар.

На површината на тумбата можат да се сретнат и фрагменти од керамички садови, питоси, градежна и покривна керамика и друго.

Поврзано Кале — утврдена населба од доцноантичко време; Црквиште — црква од средниот век; Грамос — населба од непознат период; Врпско; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Врпско