Свети Харалампиј — помала селска црква во мариовското село Врпско, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа на наоѓалиштето Градиште, што се наоѓа на околу 1,5 километри северно од селото Врпско, сместено на една впечатлива тумба покриена со реткото дрво тиса.

Историја

Не се знае кога е подигната скромната црквичка.

Архитектура

Црквата е скромна камена градба од камен и кал, покриена со салонитни табли.

Внатре во црквата има еден елемент од бел камен, кој претставува прозорско мено, карактеристично за ранохристијанските црковни градби.

Икони и иконостас

Во внатрешноста на црквата можат да се забележат икони поставени директно на ѕидот без иконостас.

Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Врпско

Наводи

Категорија:Храмови посветени на Свети Харалампиј во Македонија