Свети Архангел Михаил — главна селска црква во мариовското село Врпско, Македонија.
Местоположба
Црквата е сместена во источниот дел на раселеното село Врпско. Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта.
Историја
Според Археолошката карта на Македонија, црквата била подигната на темели на две постари еднокорабни цркви во 1968 година. Двете постари цркви биле изградени една врз друга, при што постарата била подигната во XIV, а поновата од XVII век.
Галерија
Поврзано Прилепско архијерејско намесништво Прилепечко-витолишка парохија Врпско
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Храмови посветени на Свети Архангел Михаил во Македонија