Настани
Јануари 23 јануари – Основниот Кривичен суд Скопје го уважи барањето за амнестија на обвинетите за случајот „Организатори на 27 април“ – ексминистрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски и поранешниот директор на УБК, обвинетиот Владимир Атанасовски.
Март 16 март – Трагичен пожар во дискотека во Кочани – загинаа 62 лица, а над 190 беа повредени. Ова е една од најголемите цивилни катастрофи во поновата историја на државата. 17 март – Протести и собирања во Кочани и Скопје по пожарот. Градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов, поднесува оставка под притисок на јавноста.
Јули
20 – 26 јули – Во Скопје се одржа Европски младински олимписки фестивал (EYOF 2025).
Септември 28 септември – Црквата „Свети Константин и Елена“ во центарот на Скопје (на улица „Македонија“) беше осветена.
Октомври 19 октомври – Прв круг на локалните избори 2025 — гласање за градоначалници и советници во 80 општини и Град Скопје.
Ноември 2 ноември – Втор круг на локалните избори. ВМРО-ДПМНЕ постигнува убедлива победа — освојува градоначалници во 55 од 81 општини, вклучително и Скопје. 19 ноември – Почеток на судскиот процес за пожарот во Кочани (со 34 обвинети).
Декември
23 декември – На редовна седница Владата прогласи кризна состојба. Главната причина е неможноста за навремена набавка на мазут (горивото потребно за производство на струја во термоцентралите на АД ЕСМ). Проблемот настана поради протестите на грчките земјоделци кои ги блокираа граничните премини и Коридорот 10, со што се попречи увозот на мазут од Грција. Во пракса тоа значи овозможување на користење на задолжителните државни резерви на нафтен дериват (мазут) без надоместок за да се обезбеди производство на струја.
Наводи
Категорија:Македонија во 2020-тите Категорија:Земјите во 2025 година