Брижит Ан-Мари Бардо (28 септември 1934 – 28 декември 2025), често нарекувана со нејзините иницијали ББ, ― поранешна француска актерка, пејачка, модел и активистка за права на животните. Таа станала еден од најпознатите симболи на сексуалната револуција и стекнала меѓународна слава за портретирање ликови поврзани со хедонистички начин на живот. Иако се повлекла од индустријата за забава во 1973 година, таа останала голема икона на поп-културата. Таа се појави во 47 филмови, настапи во неколку мјузикли и сними повеќе од 60 песни. Таа беше наградена со националниот орден „Легијата на честа“ во 1985 година.
Родена и израсната во Париз, Бардо била амбициозна балерина во детството. Својата актерска кариера ја започнала во 1952 година и постигнала меѓународно признание во 1957 година за нејзината улога во „И Бог ја создаде жената“ (1956), привлекувајќи го вниманието на многу француски интелектуалци. Го добила прекарот „секси маче“. Таа била тема на есејот на филозофката Симон де Бовоар од 1959 година „Синдромот на Лолита“, во кој ја опишала како „локомотива на женската историја“ и градела егзистенцијалистички теми за да ја прогласи за најослободената жена во Франција. Во 1961 година ја освоила наградата „Давид ди Донатело“ за најдобра странска актерка за нејзината глума во „Вистината“ (1960). Бардо подоцна глумела во филмот на Жан-Лук Годар „Презир“ (1963). За нејзината улога во филмот на Луј Мал „Вива Марија“ (1965), таа била номинирана за наградата БАФТА за најдобра странска актерка. Францускиот претседател Шарл де Гол ја нарекол Бардо „француски извоз важен колку и автомобилите на Рено“.
Откако се пензионирала од глумата во 1973 година, Бардо станала активист за права на животните и ја создала Фондацијата „Брижит Бардо“. Таа била позната по својата силна личност, отвореност и говорите за заштита на животните; била казнета двапати за јавни навреди. Исто така, била казнета шест пати за поттикнување расна омраза поради нејзините критики кон муслиманите во Франција и нарекување на жителите на Реинион „дивјаци“. Таа одговорила: „Никогаш свесно не сакав да навредам некого. Тоа не е во мојот карактер [...] Меѓу муслиманите, мислам дека има некои кои се многу добри, а некои и хулигани, како насекаде.“ Бардо била членка на Глобалната листа на 500 почесни личности на Програмата на Обединетите нации за животна средина, и добила неколку награди и признанија од УНЕСКО и Луѓето за етички третман на животните.
Ран живот thumb|290x290px|Бардо на 19 години во 1954 г.
Брижит Ан-Мари Бардо е родена на 28 септември 1934 година во 15-тиот арондисман во Париз, како дете на Луј Бардо (1896-1975) и Ан-Мари Мусел (1912-1978). Таткото на Бардо бил инженер и сопственик на неколку индустриски фабрики во Париз. Нејзината мајка била ќерка на директор на осигурителна компанија. Таа пораснала во конзервативно католичко семејство, како и нејзиниот татко. Страдала од амблиопија како дете, што резултирало со намален вид на нејзиното лево око. Имала една помлада сестра, Мижану Бардо.
Детството на Бардо било просперитетно; таа живеела во семејниот стан со седум спални соби во луксузниот 16-ти арондисман; сепак, се сеќава дека чувствувала огорченост во раните години. Нејзиниот татко барал таа да ги следи строгите стандарди за однесување, вклучително и добри манири на маса и да носи соодветна облека. Нејзината мајка била многу селективна во изборот на пријатели за неа, па затоа Бардо имала многу малку пријатели од детството.
Бардо раскажала еден личен трауматски инцидент кога таа и нејзината сестра ја скршиле омилената вазна на нивните родители додека си играле во куќата. Таткото ги камшикувал двете по 20 пати, а потоа се однесувал кон нив како кон „странци“, барајќи да им се обраќаат на своите родители со формалната заменка во второ лице вие. Инцидентот довел до тоа Бардо решително да ги навреди своите родители и кон нејзиниот иден бунтовен начин на живот.
За време на Втората светска војна, кога Париз бил окупиран од нацистичка Германија, Бардо поминувала повеќе време дома поради сè построгиот цивилен надзор. Таа се зафатила со танцување, што нејзината мајка го видела како потенцијал за балетска кариера. Бардо била примена на седумгодишна возраст во приватното училиште „Курс Хатемер“, и одела на училиште три дена во неделата, што ѝ давало доволно време да посетува часови по танц во локално студио по договор со нејзината мајка. Во 1949 година, Бардо била примена на Парискиот конзерваториум. Три години посетувала часови по балет што ги држел рускиот кореограф Борис Књазев. Студирала и на Институтот де ла Тур, приватно католичко средно училиште во близина на нејзиниот дом.Хелен Гордон-Лазареф, директорка на списанијата „Ел“ и „Ле Жарден де Модес“, ја ангажирала Бардо во 1949 година како модел. На 8 март 1950 година, 15-годишната Бардо се појавила на насловната страница на „Ел“, што ѝ донело понуда за глума за филмот „Лавријците се купени“ од режисерот Марк Алегре. Нејзините родители се спротивставиле на тоа таа да стане актерка, но нејзиниот дедо ја поддржувал, велејќи дека „Ако ова мало девојче треба да стане курва, киното нема да биде причина“.
На аудицијата, Бардо го запознала Роже Вадим, кој подоцна ја известил дека не ја добила улогата. Подоцна се заљубиле. Нејзините родители жестоко се спротивставиле на нивната врска; нејзиниот татко една вечер ѝ објавил дека ќе го продолжи образованието во Англија и дека тој ѝ купил билет за воз за следниот ден. Бардо реагирала така што ја ставила главата во рерна со отворен оган; нејзините родители ја спречиле и на крајот ја прифатиле врската, под услов да се омажи за Вадим, иако имала 18 години.
Кариера thumb|upright=0.9|Бардо во сцена од „Концерт на интриги“ во 1954 година Почетоци: 1952–1955 Бардо повторно се појавила на насловната страница од списанието „Ел“ во 1952 година, што ѝ донело понуда за мала улога во комедијата „Луда за љубов“ истата година, во режија на Жан Бојер. Таа била платена со 200.000 франци (околу 575 американски долари во 1952 година) за малата улога во која глумела братучетка на главниот лик. Бардо добила втора филмска улога во „Манина, девојката во бикини“ (1952), во режија на Вили Розиер. Таа исто така имала улоги во филмовите од 1953 година, „Долгите заби“ и „Портретот на неговиот татко“. Бардо се појавила во филм финансиран од Холивуд, сниман во Париз во 1953 година, „Акт на љубовта“, во кој глумел Кирк Даглас. Таа доби медиумско внимание кога присуствувала на Канскиот филмски фестивал во април 1953 година.
Бардо добила главна улога во 1954 година во италијанската мелодрама, „Концерт на интриги“, и во францускиот авантуристички филм, „Каролина и бунтовниците“.
Во филмот „Светло преку улицата “ (1956) на режисерот Жорж Лакомб се појавила во позначајна улога. За италијанскиот филм „Нероновиот викенд“ (1956), режисерот ја замолил бринетата Бардо да се појави како русокоса. Таа ја обоила косата наместо да носи перика и била толку задоволна од резултатите што решила да ја задржи бојата.Servat. p. 76.
Подем кон славата: 1956–1962 thumb|upright=.7|Исечок од американски весник, 9 февруари 1958 година Потоа следеле два филма, по кои глумела во мелодрамата „И Бог ја создаде жената“ (1956). Филмот го означува дебито на Вадим како режисер, со Бардо во главната улога покрај Жан-Луј Трентињан и Курт Јиргенс. Во филмот се збпрува за неморална тинејџерка во мал град, и постигнал голем успех, не само во Франција, туку и низ целиот свет, наведен меѓу десетте најпопуларни филмови во Велика Британија во 1957 година.
thumb|left|upright=.7|Бардо на насловната страница на „Скринленд“, март 1959 година
Во Соединетите Американски Држави, филмот бил најпрофитабилниот странски филм некогаш издаден, заработувајќи 4 милиони долари, и ја претворил Бардо во меѓународна ѕвезда. Филмот бил скандалозен за Соединетите Држави, а некои менаџери на кино сали дури биле уапсени само затоа што го прикажале филмот.
За време на нејзината рана кариера, фотографиите на професионалниот фотограф Сем Левин придонеле Бардо да биде прифатена како сензуална фигура.
Во 1958 година, Бардо станала најплатена актерка во Франција. Таа била изгласана меѓу десетте најдобри филмски атракции на бокс-офисот во Северна Америка, само врз основа на нејзините француски филмови, нешто што никогаш порано не се случило. thumb|upright=.7|Бардо во 1961 г.
„Жената“ (1959) на режисерот Жулиен Дувивиер бил популарен, но „Бабет оди во војна“ (1959), комедија со дејство од Втората светска војна, бил огромен хит, четвртиот најголем филм на годината во Франција. Исто така, популарен филм бил „Дали сте за танц со мене“ (1959). Следниот филм на Бардо била судската драма „Вистината“ (1960) од Анри-Жорж Клузо. Филмот бил многу рекламиран, што резултирало со афера на Бардо и обид за самоубиство. Филмот бил најголемиот комерцијален успех на Бардо во Франција, третиот најголем хит на годината и бил номиниран за Оскар за најдобар странски филм. Бардо ја добила наградата „Давид ди Донатело“ за најдобра странска актерка за нејзината улога во филмот.
Меѓународни филмови и пејачка кариера: 1962–1968
Бардо глумела во комедија со Вадим, „Те молам, не сега!“ (1961); потоа заедно со Марчело Мастројани глумела во филм инспириран од нејзиниот живот во „Многу приватна афера“ (1962), во режија на Луј Мал .
Во средината на 1960-ти години, Бардо глумела во филмови кои биле повеќе насочени кон меѓународниот пазар.
„Драга Брижит“ (1965) бил првиот холивудски филм на Бардо, комедија во која глумел и Џејмс Стјуарт како академик чиј син се заљубува во Бардо. Појавувањето на Бардо во филмот било релативно кратко, и филмот не стекнал голем успех. Поуспешна била вестерн комедијата „Вива Марија!“ (1965) на режисерот Луј Мал, во која Бардо се појавила заедно со Жана Моро. Филмот станал голем хит во Франција и низ целиот свет, иако не се пробил во Соединетите Држави.Tino Balio, United Artists: The Company That Changed the Film Industry, University of Wisconsin Press, 1987 p. 281.
Бардо имала мала улога во ѕвездениот филм „Духовите на мртвите“ (1968), глумејќи заедно со Ален Делон, а потоа повторно се обидела да глуми во холивудски филм: „Шалако“ (1968), вестерн со Шон Конери во главната улога, што излегол како разочарување на кино благајните."ABC's 5 Years of Film Production Profits & Losses", Variety, 31 May 1973 p. 3.
Бардо учествувала во неколку музички претстави и снимила многу популарни песни во 1960-ти и 1970-ти години, главно во соработка со Серж Генсбур, Боб Загури и Саша Дистел. Бардо го замолила Генсбур да не го објавува нивниот дует и тој ја исполнил нејзината желба, а следната година, тој повторно снимил верзија со британската манекенка и актерка Џејн Биркин, која станала огромен хит низ цела Европа. Верзијата со Бардо била издадена во 1986 година, и станала хит според бројот на преземања во 2006 година кога Универзал Мјузик го направил својот каталог од песни достапен за купување преку интернет, при што оваа верзија на песната се рангираше како трета најпопуларна верзија за преземање.
Последни филмови: 1969–1973
Од 1969 до 1972 година, Бардо била официјалното лице на Маријана, за да ја претставува слободата на Франција.