Петочна Вода — археолошко наоѓалиште во прилепското село Волково. Претставува депо на монети од хеленистичкото и римското време.

Местоположба

Наоѓалиштето се наоѓа во непосредната близина на селото.

Опис

Во 1959 година при копање на канал било откриено депо од 25 монети ставени во помал сад. Според селаните, меѓу нив имало и монети од македонските кралеви и градови. Наодите се чуваат во Заводот и музеј во Прилеп.

Поврзано Голема Нива — населба од бакарното време; Селски Гробишта — осамен наод од римско време; Гробишта — ранохристијанска црква со некропола; Долзи Нивје — некропола од железното време; Волково; и Список на археолошки наоѓалишта во Прилепско.

Наводи

Категорија:Волково (Прилепско)