Џума Маала (, Пархари; до 1926 година: Τζουμά Μαχαλά, Ѕума Махала) — поранешно село во Нигритско, егејскиот дел на Македонија, на територијата на денешната општина Визалтија во областа Централна Македонија, Грција.

Географија Селото било сместено во Серско Поле, северозападно од гратчето Нигрита, во непосредна близина на селото Копач, на надморска височина од 560 м.

Историја

Во Отоманското Царство Во XIX век, Џума Маала било турско село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. во Џума-махле (Djouma-mahlé) имало 60 домаќинства и 160 жители муслимани. Во 1889 година, хрватскиот етнограф Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Џума Маала:Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Џума Маала имало 300 жители Турци.

Во Грција За време на Првата балканска војна, селото било заземено од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 година, било припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година броело 339 жители. Селото најверојатно настрадало по Првата светска војна, бидејќи во пописот од 1920 година, не е спомнувано.

Во 1924 година, селото било обновено, кога во него биле доселени 35 бегалски семејства (вкупно 116 бегалци) од Мала Азија, колку што броело во пописот од 1928 г. Во 1926 година, името на селото било службено променето во Пархари (Παρχάρι).'' Подоцна доселениците го напуштиле селото, поради што било избришано од евиденција.

Наводи

Категорија:Историски села во Визалтија