Господари на пеколот () — американски натприроден филм на ужасите во режија на Дејвид Брукнер и напишан од Бен Колинс и Лук Пјотровски, заснован на приказна што ја напишале заедно со Дејвид С. Гојер. Станува збор за обнова на франшизата „Господари на пеколот“, единаесеттото продолжение вкупно, и втора адаптација на новелата на Клајв Баркер од 1986 г. The Hellbound Heart, која била адаптирана во филмот „Господари на пеколот“ од 1987 г. Во филмот глумат Одеса Азион, Џејми Клејтон, Адам Фејсон, Дру Старки, Брендон Флин, Аојфе Хајндс, Џејсон Лајлз, Јинка Олорунифе, Селина Ло, Закари Хинг, Кит Кларк, Горан Вишњиќ и Хијам Абас. Филмот следи млада жена што се опоравува од зависност и на крајот добива механичка кутија за загатки што може да повика Сенобити, хуманоидни суштества што напредуваат во болка и задоволство.

Премиерата на филмот во САД била на 7 октомври 2022 г., а во Македонија бил распределен на HBO Max со македонски превод.

Содржина Една млада жена што се бори со зависност доаѓа во сопственост на древна кутија за загатки, несвесна дека нејзината цел е да ги повика Сенобитите.

Улоги

|Одеса Азион |Рајли Макенди |- |Џејми Клејтон |Пинхед (главниот Сенобит) |- |Адам Фејсон |Колин |- |Дру Старки |Тревор |- |Горан Вишњиќ |Ролан Војд |- |Хијам Абас |Серена Менакер |- |Селина Ло |Гасп (сенобит, помошничката на Пинхед) |- |Закари Хинг |Асфикс (Сенобит) |- |Џејсон Лајлз |Чатерер (Сенобитот што штрака со забите)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Филмови од 2022 година Категорија:Филмови за демони Категорија:Американски филмови за чудовишта