Медитеран Космос — трговски центар кој се наоѓа во Капуџилар, општина Солун, вториот по големина град во Грција. Тоа е најголемиот малопродажен и забавен комплекс во Северна Грција.
Историја Трговскиот центар официјално бил отворен во октомври 2005 година.
Во јуни 2012 година, „Ламда Девелопмент“, сопствениците на трговскиот центар, објавиле дека ќе почнат да наплаќаат паркинг такси од средината на февруари 2013 година.
Во 2017 година, „Варде Партнерс“ купиле контролен пакет на акции од „Медитеран Космос“ и планирале проширување на трговскиот центар.
Простории Содржи повеќе од 200 малопродажни единици и објекти, вклучувајќи мултиплекс кино со 11 сали, бројни продавници за модна и електронска стока, како и кафулиња, ресторани, барови, супермаркет, амфитеатар и православна црква.
Дизајн Внатрешноста во трговскиот центар, патиштата и плоштадот се дизајнирани како традиционални градови од Северна Грција во комбинација со предностите на модерен градски центар.
Местоположба Трговскиот центар се наоѓа на 11 километри источно од центарот на градот и приближно на 5 километри оддалеченост од аеродромот во Солун. До него може да се стигне преку Државниот пат 67, автопатот што го поврзува Солун со јужниот дел на Халкидик.
Наводи
Категорија:Врамена карта без назнака за OSM-однос на Википодатоците Категорија:Трговски центри