Кочански револуционерен реон — еден од деветте револуционерни реони под склоп на Скопскиот револуционерен округ, дел од Македонската револуционерна организација. Реонот бил формиран во 1894 година заедно со скопскиот округ. Револуционерниот реон ги зафаќала денешните граници на Кочанската Каза т. е. околија. Главното седиште било во истоимениот град. Околиската војвода oтпрвин бил Крсто Б'лгаријата додека подоцна комитетот го назначиле Тодор Александров. Дејства
Формирање Со формирањето на Македонската револуционерна организација на 23 октомври 1893 година се развило македонското национално движење. Покрај тоа што била формирана во 1893 година, организацијата конкретно почнала со нејзините активности после јануарската средба во 1894 година. Централниот комитет на МРО бил формиран заедно со шесте револуционерни окрузи — Скопскиот, Битолскиот, Солунскиот, Струмичкиот, Серскиот и Одринскиот кои делумно се третира како свој посебен округ.
Кочанскиот револуционерен реон бил формиран заедно со Скопскиот округ. Кога Даме Груев и Гоце Делчев гостувале во градот.
Илинденското востание Четата на Димче Берберчето дејствувала во кочанскиот терен околу 27 јули 1903 година, една недела пред Илинденското востание. За време на востанието четите на Христо Чернопеев, Георги Тренев, Делчо Коцев, Петар Самарџиев, Панајот Бајчев и Никола Жеков (околу 300 души) дејствувале низ Скопскиот револуционерен округ. Некои од тие чети биле откриени и поразени во Кочани во 4 септември од турска дивизија составена од 5.000-6.000 редовни турски војници. Четите се обиделе да избегнат во Кнежевството Бугарија за безбедност.Илинденско-Преображенското въстание 1903, Военно издателство, София, 2003, стр. 276 – 287.
После востанието После востанието реонот претрпило големи промени, Тодор Александров во 1905 година бил назначен за околиска војвода.
Во 1907 година Симеон Георгиев бил назначен за новата околиска војвода, неговата функција траело сѐ до укинувањето на реонот во 1908 година. Покрај нејзиното укинување Георгиев продолжил да се бори за ослободувањето на Кочани за време на Балканските војни.„Националноосвободителната борба в Македония, 1919 – 1941 г.“, Колектив, ИК „Знание“, София, 1998 г., стр. 27.
Галерија
Наводи
Категорија:Кочани Категорија:Скопски револуционерен округ