КК Единство Бијело Поље (српски: Кошаркашки клуб Јединство Бијело Поље), познат и како Единство 1950, е машки професионален кошаркарски клуб со седиште во Бијело Поље, Црна Гора. Во моментов се натпреварува во Прва Ерсте лига, а домашните натпревари ги игра во спортската сала Никољац, која има капацитет од 2.000 гледачи.

Во рамките на клубот функционира и кошаркарско училиште, отворено за сите возрасти и категории. Главен спонзор на клубот е Меридианбет.

Историја Кошаркарскиот клуб Единство е основан во 1950 година. Во периодот од 1994 до 1998 година, се натпреварувал под името Југотес ТНН. Во времето на постоењето на СФР Југославија, а подоцна и на СР Југославија, клубот главно настапувал во пониските лиги. Единствениот настап во Првата лига го остварил во сезоната 1994/95, кога завршил на 15-то место. Од осамостојувањето на Црна Гора и воспоставувањето на националното првенство во сезоната 2006/07, Единство е редовен учесник во црногорското првенство.

Рангирање по сезони 2006-07 - 8. 2007-08 - 9. 2008-09 - 9. 2009-10 - 10. 2010-11 - 6. 2011-12 - 9.2012-13 - 7. 2012-14 - 8. 2014-15 - 8. 2015-16 - 8. 2016-17 - 9. 2017-18 - 8.2018-19 - 6. 2019-20 - Откажано поради пандемијата на коронавирусот 2020-21 - 10. 2021-22 - 6. 2022-23 - 7. 2023-24 - 12.

Поважни кошаркарски имиња Михаило Дробњак Горан Сладојевиќ Ивица Вукотиќ Данило Драшковиќ Емир Хаџибеговиќ Душко Ивановиќ Немања Кнежевиќ Борис Лаловиќ Арсо Лековиќ Лазар Смоловиќ Младен Шекуларац Душан Цветковиќ Филип Думиќ Иван Гемаљевиќ Горан Игњатовиќ Александар Ивановиќ Душан Мажибрада Драган Мијајловиќ Данило Митровиќ Милош Младеновиќ Никола Муњиќ Дејан Радуловиќ Немања Ракочевиќ Милош Савковиќ Жарко Станковиќ Мирко Токалиќ Вујадин Воркапиќ Алекс Браун Ентони Числи Тајрел Корбин Ентони Кузен Даниел Кромвел Дејвид Џексон Ентони Џоунс Андре Вудлин Наводи

Надворешни врски Профил на веб-страницата eurobasket.com Категорија:Црногорски кошаркарски клубови