Цветанка Конева Зајкоска ( во , Прилеп —) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Во времето на окупацијата живеела во Варош. Била симпатизер на напредното работничко движење од пред војната. Нејзиниот сопруг бил организиран и кај нив дома доаѓале членоивте на Месниот Комитет на КПЈ-Прилеп да одржуваат состаноци. Со почетокот на НОД нејзината куќа била ставена на располагање на Месниот Комитет. Кај нив се одржувале илегални состаноци. Примале и испраќале разни пораки, храна и дpyги потреби зз прилепскиот партизански одред. Пренесувала и растурала пропаганден материјал и служела за врска. Во нивната куќа еднаш неделно доаѓале куририте од Азот. Нејзината активност била забележителна и во организирањето на жените од реонот во плетење и собирање народна помош.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ