Стана Георгиева Зафировска ( во —) — учесник во НОВ на Македонија.
Животопис Учествувала во НОД од септемвои 1943 година. Нејзиниот дом бил постојано засолниште на партизаните од Козјачкиот крај. Честопати како курир пренесувала пошта од „Карпошовиот" партизански одред до Куманово и обратно. Во декември 1943 година учествувала во собирањето на материјали и нивното криење во селото добиени со падобрани од сојузничките авиони. Како доверливо лице во јануари 1944 година чувала тешко ранет партизан, заедно со санитетката Елица Георгиева - Звисла. Окупаторот ја открил и ја блокирал куќата, но Стана успеела да го спаси партизанот. Во мај 1944 година била примена за член на СКОЈ. Учествувала во агитирање и привлекување на женската селска младина од селото Пелинце за работа во НОД. На 5 август 1944 година стапила во единидите на НОВ во подвижната болница во селото Рамно како болничарка.
Наводи
Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ