Румена Љубева Зафирова ( во —) — учесник во НОВ на Македонија.

Животопис Учествувала во НОД од мај 1942 година. Собирала народна помош, растурала летоци и пропаганден материјал. Нејзината куќа од пролетта 1942 година служела како магазин за чување на прехранбени артикли собрани за потребите на Велешкиот партизански одред и од кај неа биле испраќани во партизанската база. Носела храна на политичките затвореници. Од ноември 1942 година до 1943 година делувала во Скопје, вршејќи курирска служба меѓу Велес и Скопје и раководела со младински групи. Поврзано Цвета Зафирова Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жени во НОБ