Воден свет () — американски постапокалиптичен акционен филм од 1995 г. во режија на Кевин Рејнолдс и сценарио на Питер Рејдер и Дејвид Туи. Бил заснован на оригиналното сценарио на Рејдер од 1986 г., а во него глуми Кевин Костнер, кој исто така го произвел со Чарлс Гордон, Џон Дејвис и Лоренс Гордон. Го распределил Universal Pictures. Во Македонија филмот бил распределен на телевизија, а постои и старо ДВД-издание на македонски јазик.

Местото на филмот е во далечната иднина. Поларните ледени капи целосно се стопиле, а нивото на морето се искачило над 7.600 метри, покривајќи го речиси целото копно. Дејството на филмот се сосредоточува на безимениот антијунак, „Морнарот“, скитник што плови по Земјата во својот тримаран.

Содржина Некаде во иднината, поларните ледени капи се стопиле, а светските океани и мориња го покриле копното. Малку се луѓето и живеат во мали заедници на море или пловат од еден до друг како трговци. Сите луѓе бараат сува земја... нешто што никој не видел.

Улоги

|Кевин Костнер |Морнарот |- |Денис Хопер |Ѓаконот |- |Џин Триплхорн |Хелен |- |Тина Мејџорино |Енола |- |Мајкл Џетер |Стариот Грегор |- |Џерард Марфи |Нордиецот |- |Џек Блек |пилотот на авионот на Пушачите |- |Шон Вејлен |Боун |- |Ким Коутс |трговецот

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови од 1995 година Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на Universal Pictures Категорија:Американски постапокалиптични филмови