Војна е името што го носат две слики изведени во масло на иста тема. Швајцарскиот симболистички сликар Арнолд Беклин ги извел едноподруго во 1896 година. Првата верзија се наоѓа во колекцијата на Галерија на нови мајстори, Дрезден, а втората, назначена како недовршена, во Кунстхаус Цирих во Швајцарија.лево|мини| Војна (незавршена втора верзија, 1896 година, Кунстхаус Цирих)Насликани на негова 69-годишна возраст, при тешки животни услови во Италија, сликите изгледа дека изразуваат очаен, но истовремено пророчки поглед на иднината на човештвото. Тие се поврзани со концептот на познатиот дрворез на Албрехт Дирер на Четирите јавачи на апокалипсата (1497–98), врз основа на апокрифното Откровение: 6:1-8.
Во првата верзија Беклин прикажал четворица јавачи, меѓу кои војната, поморот и смртта, како бесно јаваат низ небото над класичен град. Во втората верзија, бројот на јавачите е намален на тројца, а наместо класичниот насликал средновековен град.
Беклин уште еднаш ја редефинирал својата визија за глобалната чума во сликата „Чума“, од 1898 година.
Наводи
Категорија:Воени слики Категорија:Слики од 1800-тите Категорија:Незавршени слики