Лусија Абело е чилеанска библиотекарка и ботаничарка. Таа е задолжена за истражување, документирање и ширење на родната флора во нејзиниот регион и во нејзината земја, како и нејзините традиционални употреби преку фотографија и библиографски публикации. Таа исто била задолжена за промовирање на читањето од народната библиотека со почит на пристапот кон животната средина.
Библиотеки и животна средина Лусија Абело е координатор на системот на регионалната јавна библиотека во Лос Риос. Пред оваа позиција, таа била директорка на општинската јавна библиотека Донихуе и библиотеката за земјоделско училиште во Сан Висенте.
Абело е пионер на уникантна улога во библиотеките која ги комбинира зачувувањето на животната средина, проучувањето и истражувањето. Како директорка на библиотеката во Општинската јавна библиотека во Донихуе, таа создала партнерства и едукативни програми помеѓу библиотеката и Парк Сафари. Таа имала неколку интервјуа и нејзината работа е призната од Регионалниот центар на УНЕСКО за промоција на книги во Латинска Америка и Карибите. Во 2012 година таа била избрана за извонреден библиотекар на годината, највисоката чест што ја доделува Чилеанската национална библиотечна асоцијација.Chilean Library Association Annual Report , 2012
Награди мини| Лусија Абело спроведува работилници за читање во јавната библиотека
Награда за заслуги. Угледна општина Донихуе за нејзината извонредна професионална работа (1995). Ресурсен центар за учење на средното училиште Клаудио Арау Леон де Дониху: За нејзината постојана поддршка на учениците во нивната работа како библиотекар (2003). Стипендија за стажирање во Фондацијата Герман Санчез Руиперез, Саламанка, Шпанија доделена од Фондот за книги на Националниот совет за култура и уметност (2004). Награда за извонредна библиотекар од Здружението на библиотекари од Чиле, 2012 годинаSistema Nacional de Bibliotecas Públicas. «En Los Ríos asume nueva coordinadora regional de bibliotecas públicas».Colegio de Bibliotecarios de Chile. «Informe Anual 2012» . Угледната општина Донихуе во знак на благодарност за нејзината 20-годишна работа во образованието на комуната (2014). Здружение на библиотекари од Перу. Вклучување како почесен член (2014). Награда ФИЛСА 2022 година за промовирање на читање.
мини| Лусија во работилница во Лима, Перу
Наводи
Категорија:Климатски дејци Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 20 век