Цветан Трипуновски (р. 19 септември 1980 во Скопје) — македонски политичар и поранешен Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во првата влада на Христијан Мицкоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Животопис Цветан Трипуновски е роден на 18 Септември 1980 г. во Скопје. Тој е дипломиран земјоделски инженер, член на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен министер за земјоделство, шуммарство и водостопанство. На 13 јули 2026 бил заменет со Борче Серафимовски од ЗНАМ.
Првото вработување му е во 2005 година во Собранието на Град Скопје како помлад соработник, а бил и директор на Државна фитосанитарна лабораторија, пратеник во Собранието на Република Македонија, во два наврати бил државен советник во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, директор на Државен инспекторат за земјоделство, два пати бил дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, советник во ЈП Паркови и зеленило – Скопје и вработен во ВМРО-ДПМНЕ.
Наводи