Ленг Оу е камбоџански климатски активист. Тој станал активист против илегалната сеча во шумите во Камбоџа и е најпознат по тоа што тајно ги снимал активностите на нелегална сеча во Камбоџа.
Ран живот Ленг Оу е роден во провинцијата Такео во семејство на сиромашни земјоделци, а поголемиот дел од своето детство го поминал за време на режимот на Црвените Кмери додека неговото семејство мигрирало меѓу шумите и преживеале скромно."Leng Ouch". Goldman Environmental Foundation. Retrieved 2021-04-20. Раниот дел од својот живот го поминал криејќи се во џунглите на Камбоџа, само го започнал своето образование откако неговото семејство се преселило во Пном Пен во 1980 година. Работел за своето образование и заработил стипендија за правен факултет; со ова се приклучил на многу организации за човекови права и ја започнал својата кариера како активист.
Кариера Ленг Оу ги основал Задачните сили за човекови права во Камбоџа, организација за борба против уништувањето на шумите во Камбоџа. Во текот на 2000-те и 2010-те, Ленг бил прикриен во често опасни ситуации фотографирајќи и снимајќи докази за нелегална сеча, што довело до една голема компанија за сеча на дрва да е откриена. Често користејќи маски во својата работа, Ленг помогнал да се откријат илјадници кримиланства и да се конфискува дрва и опрема за сеча. Ленг бил апсен неколку пати со други активисти во неговата работа.
Награди Ленг бил награден со Голдманова еколошката награда во 2016 година за неговата улога во откривање на корупцијата и илегалната сеча во Камбоџа.
Наводи
Категорија:Климатски дејци Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1975 година