Рашид Ликароски ( во — во ) — македонски партизан, учесник во НОВ на Македонија., стр.242

Животопис лево|мини|Споменик на НОБ во селото Пласница, на кој се наоѓа и името на Рашид Ликароски. Бил роден во 1899 година во селото Пласница, Кичевско. По занимање бил земјоделец и активен учесник во НОБ. Во една акција, носејќи храна за партизаните, бил фатен од бугарските контрачетници на Козјак. Оттаму бил спроведен од околиското началство, во затвор во Македонски Брод. По долго измачување бил изведен надвор и убиен некаде во Порече, на патот што водел кон Кичево, на 3 август 1943 година од страна на бугарските фашисти.

Наводи

Категорија:Учесници во НОБ Категорија:Жртви на Бугарската окупација на Македонија во Втората светска војна