Еци е природна мумија на човек кој живеел помеѓу 3350 и 3105 г. п.н.е. Останките на Еци биле откриени на 19 септември 1991, на Ецталските Алпи (од каде доаѓа името "Еци", ) на австриско-италијанската граница. Тој е најстарата природна човечка мумија во Европа, која нуди невиден поглед на животот во Европа во бакарното време.

Поради присуството на рана од стрела во левото рамо и други рани, истражувачите веруваат дека Еци бил убиен од друго лице. Природата на неговиот живот и околностите на неговата смрт се предмет на многу истражувања и шпекулации. Неговите останки се изложени во Јужнотиролскиот археолошки музеј во Болцано, Јужен Тирол, Италија.

Категорија:Бакарно време