Петденија, Гоматска Река или Милонадико (, Ποταμός του Γοματίου) — река во Касандриско, Егејска Македонија. Се влева во Светогорскиот Залив.

Течение Реката извира јужно под врвот Какавос (640 м) на планината Камила на полуостровот Халкидик и тече начелно во јужен правец. По средновековниот Гоматски мост тече на јигоисток. Минува јужно од Гомати и ја прима тамошната селска река Веркос. Влегува во планината, проаѓа пред Девелики и се влева во Светогорскиот Залив на Егејското Море.

Гоматска Река се поистоветува со Студена Река (Ψυχρό ποταμό) спомната од Аристотел, кој вели дека овците што ќе пројдат низ нејзините води ја менуваат бојата на руното. Од местото кајшто потокот го пресекува црниот пат за Девелики и до морето, во должина од околу 150 м се образува блато со ширина од 6 м и длабочина од 1 м. Од дното расте трска и на места халофилна растителност.

Притоки → лева, ← десна → Веркос

Поврзано Гоматски мост

Наводи

Категорија:Реки во Егејска Македонија Категорија:Аристотел (општина) Категорија:Егејски слив