Херкул — римски еквивалент на грчкиот божествен херој Херакле, син на Јупитер и смртната Алкмена. Во класичната митологија, Херкул е познат по својата сила и по многубројните далечни авантури.
Римјаните ја адаптирале иконографијата и митовите на грчкиот херој за нивната литература и уметност под името Херкул. Во подоцнежната западна уметност и литература и во популарната култура, Херкул почесто се користи од Херакле како име на херојот. Херкул е повеќеслојна фигура со контрадикторни карактеристики, што им овозможила на подоцнежните уметници и писатели да одберат како да го претставуваат. "Hercules," in The Classical Tradition (Harvard University Press, 2010), p. 426. Оваа статија дава вовед во претставите на Херкул во подоцнежната традиција.
Наводи
Категорија:Римски божества