Игуменија Варвара (световно: Вера Радосављевиќ, ; - ) — српска монахиња, игуменија на манастирот Беочин во Банат од 2019 до 2024 година.

Животопис Игуменијата Варвара (Радосављевиќ) е родена на 21 ноември 1939 година во Причевиќ кај Ваљево. Основното образование го добила во родниот град. Нејзините биолошки сестри калуѓерки се Мајка Марина и Екатерина од Беочинскиот манастир на Фрушка гора.

Монашкиот пат го започнала заедно со сестра ѝ Екатерина во 1950 година кога дошле во манастирот Келије кај Ваљево, како искушеници кај игуменијата Сара Ѓукетиќ. Се замонашила во 1965 година во Манастирот Беочин на Фрушка Гора, добивајќи го монашкото име Варвара. Затекнале пустош, немало прозорци, врати, ни пат до манастирот. Денес, благодарение на напорите на игумениите Екатерина и Варвара, манастирот Беочин изгледа како рајска градина, еден од најуредените манастири на Сремската епархија, каде владее мир и тишина и каде престојува сестринство од 20 калуѓерки.

Со решение на епископот Сремски г. Василиј (Вадиќ), по смртта на игуменија Екатерина (Радосављевиќ), на 20 ноември 2019 година, Варвара е именувана за игуменија на Манастирот Беочин каде што успешно раководела со манастирот пет години.

Починала на 19 јуни 2024 г.

Наводи

Категорија:Игумении Категорија:Српска православна црква