мини|Плакатот, прикажувајќи ги главните ликови на анимето. Лево е Меи Тачибана, а десно е Јамато Куросава. Say I Love You (, буквално: Кажи: „Те сакам“) — манга од Канае Хазуки, објавена во списанието „Dessert“ од април 2008 г. Адаптација на аниме, создадена од ZEXCS траела од 6 октомври до 30 декември 2012 г. На насловната страница на том 11 од мангата во 2013 г., било најавено издавање на долгометражен игран филм. Филмот е режиран и напишан од Асако Хјуга. Харуна Кавагучи и Сота Фукуши ги играле улогите на главните ликови Меи Тачибана и Јамато Куросава. Филмот бил премиерно прикажан во Јапонија на 12 јули 2014 г. Главната тематска песна за него била песната „Happily“ од One Direction.
Содржина Меи веќе има 16 години, но сѐ уште нема момче, бидејќи никогаш немала другари. Цело време е сама, па не е чудно што ја исмеваат и ѝ прават „шеги“ одвреме-навреме. Но и на ангелското трпение му доаѓа крајот. Еден ден Меи го казнува нејзиниот главен нарушител, удирајќи го. Mалку се мешаат работите, и наместо подлецот, ударот го прима неговиот најдобар другар и извонреден училиштен идол, Јамато Куросава. Необичното однесување на девојката веднаш го буди неговиот интерес, толку многу што Јамато со бакнеж ја спасува Меи од прогонителот. Сепак, Јамато има многу другари и обожаватели што не сакаат да ја примат Меи во нивниот круг, а девојката ќе мора да се потруди пред да може да му каже на Куросава: „Те сакам“.
Наводи
Надворешни врски
Say "I love you"
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови од 2014 година Категорија:Јапонски филмови Категорија:Љубовни филмови Категорија:Манги Категорија:Аниме-серии