„Тоа што функционира“ (англиски: Whatever Works) — американски филм од 2009 година, во режија на Вуди Ален, кој е автор и на сценариото. Главните улоги ги толкуваат: Лари Дејвид, Еван Рејчел Вуд, Патриша Кларксон и Ед Бегли Џуниор.Sve što funkcionira, američko-francuski film (пристапено на 4.11.2023)
Содржина По неуспешниот обид за самоубиство, генијалниот њујоршки мизантроп Борис Јелникоф (го игра Дејвид) се одрекува од отмениот живот и се вселува во скромен стан во Кинескиот кварт. Тој ја запознава Мелоди (ја игра Вуд) која е потполно спротивна на него: убавица од Југот на САД, која не може да се пофали со многу памет. Борис и Мелоди се венчаваат, но состојбата се усложнува кога ќе се појави мајка ѝ на Мелоди (ја игра Кларксон) која е голема верничка...
Наводи
Категорија: Филмови на англиски јазик Категорија: Француски филмови Категорија: Американски филмови Категорија: Филмови од 2009 година Категорија: Филмски комедии Категорија: Филмови на Вуди Ален Категорија: Филмови со Лари Дејвид Категорија: Филмови со Еван Рејчел Вуд Категорија: Филмови со Патриша Кларксон Категорија: Филмови со Ед Бегли Џуниор Категорија: Филмови чие дејствие се одвива во Њујорк