Кочериново () — гратче во Западна Бугарија, административен центар на општината Кочериново во Ќустендилската Област. Има население од околу 2.135 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.
Географија и местоположба Гратчето се наоѓа на 90 километри јужно од Софија, во близина на патот кон Рилскиот манастир.
Историја Се верува дека населбата била основана за време на османлискиот период. Името на гратчето потекнува од дијалектниот збор кочерина, што значи „свињарник, дел од барака“. Во 1878 година според одлуките на Берлинскиот конгрес, границата меѓу Кнежеството Бугарија и Отоманската Империја била исцртана помеѓу селата Кочериново и Бараково по течението на Рилска Река. Во 1974 година Кочериново било прогласено за град.
Наводи
Надворешни врски Мрежно место на оштина Кочериново
Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Ќустендил