мини| Исауан Ерг, Алжир. мини| Линеарни дини, Песочно Море Намиб. Ерг (песочно море, море од дини) ― широка, рамна област на пустина покриена со песочни наноси настанати под дејство на ветер, каде има мала или воопшто нема вегетативна покривка. Зборот е изведен од арапскиот збор ʿarq (), што значи „поле со дини“. Ергот може да биде дефиниран како пустинска област која содржи повеќе од 125 км2 еолски релјеф (настанат под дејство на ветер) и каде песокот покрива повеќе од 20% од површината. Помалите области се познати како „полиња од дини“.Landforms in the World: Aeolian Landform (08. Erg) Најголемата топла пустина во светот, Сахара, опфаќа 9 милиони km2 и содржи неколку ергови, како што се ерговите Шеш и Исауан во Алжир. Приближно 85% од целиот подвижен песок на Земјата се наоѓа во ергови кои зафаќаат повеќе од 32 000 км2. Ерговите се наоѓаат и на други небесни тела, како што се Венера, Марс и Сатурновата месечина Титан.

Географија лево|мини| Ерг Шеби, Мароко. Песочните мориња и полињата со дини претежно се појавуваат во региони со сув и растресит песок, како што се суви речни корита и делти, поплавни рамнини, леднички рамнини, суви езера и плажи. Ерговите се концентрирани во два широки појаси од 20° до 40° северна и јужна географска широчина, кaде се чувствува влијанието на постојаните ветрови. Активните ергови се ограничени на региони каде годишното количество на врнежи изнесува до 150 мм. Најголемите се во Северна и Јужна Африка, Средна и Западна Азија и Средна Австралија.

Во Јужна Америка, ерговите се ограничени од Андите, но тие содржат исклучително големи дини во крајбрежјето на Перу и северозападна Аргентина. Ги има и во неколку делови на североисточниот брег на Бразил. Единствениот активен ерг во Северна Америка е во Гран Дезјерто де Олтар кој се протега од Сонора во северозападната мексиканска држава Сонора до Јумската Пустина во Аризона и дините Алгодонес во југоисточна Калифорнија.

Опис мини| Сателитска снимка на Руб ел Хали (Празниот четврт во Арабија), најголемиот ерг во светот со површина од повеќе од 600 000 км2 Речиси сите главни ергови се наоѓаат по текот на ветровите од речните корита во области кои се премногу суви за да се поддржи екстензивна вегетативна покривка и на тој начин се предмет на долготрајна ерозија од ветерот. Песокот од овие изобилни извори мигрира надолу и се акумулира во многу големи дини каде неговото движење е запрено или забавено поради топографските бариери за струењето на ветерот или поради конвергенција на струењето на ветерот.

Сите ергови и полиња од дини имаат тежнеење да патуваат во правецот на ветрот дури стотици километри од местото каде се создале. Таквата акумулација бара долги временски периоди. Потребни се најмалку еден милион години за да се изградат ергови со многу големи дини, како што се оние на Арапскиот Полуостров, во Северна Африка и во Средна Азија.Wilson, I. 1971. Desert sandflow basins and a model for the development of ergs. Geographical Journal, v. 137, Pt. 2, pp. 180–199. Песочните мориња кои се акумулирале во спуштени структурни и топографски басени, како што е Песочното Море Мурзук во Либија, може да достигнат големи дебелини (повеќе од 1000 m Glennie, K. W. 1970. Desert sedimentary environments: Developments in sedimentology 14, Enclosure 4. New York: American Elsevier Publishing Co. ), но други, како што се ерговите на праволиниските дини во Симпсоновагта Пустина и Големата Песочна Пустина во Австралија, можеби не се подебели од поединечните дини подредени на алувијалната рамнина. Во песочните мориња во дадена област, дините имаат тежнеење да бидат од еден вид. На пример, има ергови или полиња на праволиниски дини, на дини во вид на полумесечни, на ѕвездести дини и на параболични дини, и овие низи од дини имаат тенденција да имаат постојани ориентации и големини.Breed, C. S., and T. Grow. 1979. Morphology and distribution of dunes in sand seas observed by remote sensing. In A study of global sand seas, edited by E. D. McKee. U.S. Geological Survey Professional Paper 1052, pp. 253–302.Breed, C. S., S. G. Fryberger, S. Andrews, C. K. McCauley, F. Lennartz, D. Gebel, and K. Horstman. 1979. Regional studies of sand seas using Landsat (ERTS) imagery. In A study of global sand seas, edited by E.D. McKee. U.S. Geological Survey Professional Paper 1052, pp. 305–397.

По природа, ерговите се многу динамични. Помалите дини се образуваат и патуваат по крилата на поголемите дини и песочните гребени. Повремените врнежи ги исполнуваат басените образувани од дините, како што водата испарува, се создаваат наслаги од сол.

Поединечните дини во ерговите обично имаат ширина, должина (или и двете димензии) поголеми од 500 м. Ерговите и полињата од дини се разликуваат по обемот, нивната песошна покривка и големината на нивните дини. Длабочината на песокот во ерговите варира во голема мера ширум светот, почнувајќи од само неколку центиметри длабочина во Селима во јужен Египет, до приближно 1 м во Симпсоновата Пустина и од 21 до 43 м во Сахара. Ова е многу поплитко отколку што било во праисторијата. Доказите во геолошките податоци покажуваат дека некои мезозојски и палеозојски ергови достигнале средна длабочина од неколку стотици метри.

Ергови на други небесни тела десно|мини| Дини на работ од 35 × 65 км темно поле дина во кратерот Проктор, Марс. (Глобален геодет на Марс, 2000) Ерговите се геолошко образување што може да биде најдено на планети каде што ерозијата на ветерот е моќна и создава песок која се акумулира. Денес, најмалку три тела во Сончевиот систем, освен Земјата, е познато дека имаат ергови на нивната површина: Венера, Марс и Титан.

Венера Најмалку два ергови се препознаени од Магелановата сонда на Венера: полето на дини Аглаоника, кое опфаќа приближно 1290 км2 и полето со дини Мешкенет (~ 17 120 км2).Greeley, R., et al. (1992), Aeolian features on Venus: Preliminary Magellan results , Journal of Geophysical Research, 97(E8), 13,319–13,345. Се чини дека тоа се претежно попречни полиња со дини (со врвови на дините нормални на ветровите што преовладуваат).

Марс На Марс има многу големи ергови, особено до поларните капи, каде дините можат да достигнат значителна големина. Ерговите на Марс имаат чудни форми и обрасци, поради сложената интеракција со основната површина и насоката на ветерот.

Титан Радарските снимки снимени со вселенското летало Касини кое помина покрај Титан во октомври 2005 година, покажуваат песочни дини на екваторот на Титан, слично како оние во пустините на Земјата. Било забележано дека еден ерг е повеќе од 1500 км долг. Дините се доминантен копнен облик на Титан. Приближно 15-20% од површината е покриена со ергови со проценета вкупна површина од 12-18 милиони km2 што ја прави најголема површина од дини во Сончевиот Систем идентификувана до денес.

Се верува дека песочните дини се образувани од ветер создаден како резултат на плимните сили од Сатурн на атмосферата на Титан. Сликите се доказ дека овие дини се изградени од ветрови кои дуваат во една насока пред да се префрлат во друга и потоа назад во првата насока и така натаму, предизвикувајќи песочните дини да се насоберат во долги напоредни линии. Овие плимни ветрови во комбинација со зоналните ветрови на Титан од запад кон исток создаваат дини порамнети од запад кон исток речиси насекаде, освен блиску до планините, кои ја менуваат насоката на ветерот.

Песокот на Титан можеби бил образуван кога врнел течен метан и ја еродирал ледената карпа, веројатно во облик на поројни поплави. Алтернативно, песокот би можел да потекнува и од органски цврсти материи произведени од фотохемиски реакции во атмосферата на Титан.

Поврзано

Еолски постапки – постапки поради ветровита активност Издувок (геоморфологија) – депресии во екосистемот од песочни дини предизвикани од отстранување на седименти од ветер Пустинска калдрма – вид пустинска површина на земја Хамада  – пустински пејзаж со претежно карпи наместо песок Список на ергови Меданос (геологија) – вид дина Јарданг – Линиски еолски земјиштен облик

Наводи

Категорија:Ерозивни земјишни облици Категорија:Еолски земјишни облици Категорија:Дини Категорија:Ергови