мини|Планината Партенион (десно). Партенион () или Партениј или Партениум) („Планина на Богородица“, , Партенио) ― планина на границата на Аркадија и Арголида, на Пелопонез, Грција. Неговата надморска височина е 1.215 м. Се наоѓа помеѓу селата Ахладокампос на североисток и Партени на југозапад. Планината е 16 км источно од Триполи.
Во антиката, ја делела малата рамнина кај градот Хисе од онаа рамнина кај градот Тегеја. Планината Партенион е планина каде што бил изложен јунакот Телеф. Под нејзините падини била сместена Тегеја. Пан му се појавил на Филипид на планината Партенион над Тегеја, пред Маратонската битка во 490 г.п.н.е. Богот го извикал неговото име и му наредил на Филипид да ги праша Атињаните зошто не му оддаваат почести, иако тој бил добронамерен кон нив, многупати им помагал во минатото и ќе биде така во иднина. Како резултат на тоа, Атињаните поставиле олтар на Пан во подножјето на Партенон.
Наводи
Категорија:Места во старогрчката митологија Категорија:Земјишни облици во Арголида Категорија:Планини во Пелопонез (регион) Категорија:Земјишни облици во Аркадија (Пелопонез) Категорија:Пан (бог) Категорија:Географија на античка Аркадија