Kingdom Come: DeliveranceНасловот на играта на англиски е упатување на текстот на Господовата молитва „Оче наш“: Thy kingdom come... and deliver us from evil („Да дојде царството твое... но избави нѐ од лукавиот“). — акциона игра со улоги од прво лице со отворен свет, развиена од чешкото студио Warhorse Studios и објавена од Deep Silver за платформите PlayStation 4, Xbox One и Microsoft Windows во 2018 г. Особеноста на играта е нејзиниот нагласок на историската точност: играта подробно ја преработува облеката, оружјето, архитектурата и општествениот строеж на Средновековна Бохемија.

Играта се одвива во кралството Бохемија во 1403 г. на заднината на судирот помеѓу кралот Вацлав IV и неговиот брат Сигизмунд. На почетокот на играта, куманските платеници на Сигизмунд ја пустошат рударската населба Стрибрна Скалица. Главниот јунак Хенри, син на ковач, ги губи родителите во поход и стапува во служба на панот Радциг Кобила, кој го води отпорот против Сигизмунд. Во обид да им се одмазди на убијците на неговите родители, Хенри се вплеткува во заговор за враќање на вистинскиот крал, Вацлав IV, на престолот. Како игра со отворен свет, Kingdom Come: Deliverance му овозможува на играчот слободно да патува низ пристапните области на Средновековна Чешка, самостојно наоѓајќи занимливи места и задачи.

Kingdom Come: Deliverance во целост добила потврдни одзиви од критичарите, при што оценувачите ја пофалиле средновековната атмосфера на играта и исклучителното внимание на развивачите кон подробностите, но ги критикувале бројните технички проблеми на играта, кои биле особено проблематични во верзиите на играчката конзола. Играта станала предмет на особено остри одзиви во американскиот печат поради наводниот расизам на развивачите.

Продолжението, Kingdom Come: Deliverance II, било објавено во февруари 2025 г.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Игри за PlayStation 4 Категорија:Видеоигри од Чешка Категорија:Игри за Windows Категорија:Игри за Xbox One Категорија:Видеоигри со отворен свет __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__