мини| Пирамида на население на Албанија од 2017 година, според проценките на ОН. Од прогласувањето на независноста на 28 ноември 1912 година, Албанија организирала 11 пописи на населението. Првиот службен попис бил спроведен на 15 ноември 1923 година и бил ограничен на само пребројување на населението. Бидејќи во тоа време недостигале сознанија за возраста на граѓаните, биле собрани само главните одлики на населението. Сепак, пописите од 1923 година и подоцна 1930 година ја сочинувале основата за создавање на еден вид витален регистар на населението по возраст и пол. Од 1945 до 1960 година, пописите ја следеле горе-долу истата методологија. Најважната цел на пописот од 1945 година било да се постави основата за регистарот на граѓанското население, т.н. Книга на основите на населението. Сите овие рани пописи биле спроведени со приодот на „замрзнат ден“, т.е. на никому не му било дозволено да го напушти својот дом додека попишувачот не го заврши попишувањето. Во периодот од 1969 до 1989 година, пописите продолжиле да бидат спроведувани под услов сите да бидат присутни на попишувањето. Пописите од 1923 до 1960 година собирале општи информации за одликите на населението за да се изгради и консолидира регистарот на граѓанското население, додека пописите спроведени во периодот 1969-1989 година имаа поелаборирани прашалници со прашања поврзани со социо-економските одлики на населението. Во тоа време, разликите меѓу податоците за матичната евиденција и пописот на населението биле мали поради отсуството на преселба. Неодамнешните пописи на населението и домовите од 2001–2011 година биле спроведени во согласност со меѓународните препораки од Евростат и статистичкиот оддел на Економската комисија за Европа на Обединетите нации (ЕКЕОН/UNECE).

Државни пописи бр. Датум ВкупноНаселение % промена По пол Густинана км2 Домаќинства Урбано население во % Мажи Жени Вкупно Средна големина 1. попис 15.11.1923 814.380 - 421.618 392.762 28.3 143.065 5.7 15,9% 2. попис 25.05.1930 833.618 +26,110x10пкс 428.959 404.659 28.9 146.249 5.7 - 3. попис 30.09.1945 1.122.044 +3,4%10x10пкс 570.361 551.683 39,0 196.850 5.7 21,3% 4. попис 03.09.1950 1.218.943 +8,2%10x10пкс 625.935 593.008 42.4 211.613 5.8 20,5% 5. попис 02.10.1955 1.391.499 +13,210x10пкс 713.316 678.183 48.4 251.756 5.5 27,5% 6. попис 02.10.1960 1.626.315 +15,510x10пкс 831.294 795.021 56,5 279.805 5.8 30,9% 7. попис 01.04.1969 2.068.155 +23,910x10пкс 1.062.931 1.005.224 71,9 346.588 6.0 31,5% 8. попис 07.01.1979 2.590.600 +22,410x10пкс 1.337.400 1.253.200 90.1 463.333 5.6 33,5% 9. попис 12.04.1989 3.182.417 +20,510x10пкс 1.638.074 1.544.343 110.7 675.456 4.7 35,5% 10. попис 01.04.2001 3.069.275 -3,6%10x10пкс 1.530.443 1.538.832 106,7 726.895 4.2 42,1% 11. попис 01.10.2011 2.821.977 -8,3%10x10пкс 1.403.059 1.397.079 98.1 722.600 3.9 53,1%

Белешки - На пописот од 2011 година, 21.839 испитаници одбиле да учествуваат.

Поврзано

Демографија на Албанија ИНСТАТ

Наводи

Категорија:Пописи во Албанија