Хан Тенгри (, , , ) — планина во венецот Тианшан. Лежи на тромеѓата Кина—Киргистан—Казахстан, источно од езерото Исик-ќол. Геолошки се издига на висина од 6.995 м, но неговата ледничката капа достигнува 7.010 м.
Ова е втора планина по висина на Тианшан, пониска само од Џенгиш Чокусу (или Врв на Победата, 7.439 м). Хан Тенгри е највисока планина во Казахстан и трета по висина во Киргистан, по Џенгиш Чокусу (7.439 м) и Лениновиот Врв/Ибн Сина (7.134 м). Воедно претставува најсеверниот 7.000-метарски врв на светот, што го прави тежок за искачување.
Име Името Хан Тенгри буквално значи „Крал Небо“ на казашки и монголски, и се однесува богот Тенгри кој постои во многубошкиот тенгризам и средноазискиот будизам.
Одлики Хан Тенгри е масивна мермерна пирамида прекриена со снег и мраз. На зајдисонце мермерот има румена боја, поради што се нарекува „крвава планина“ (; ). Планината е сместена спроти ледникот Јужен Енгилчек, 16 км северно од Џенгиш Чокусу. Првично се сметала за највисока на Тианшан поради стрмниот изглед во споредба со масивноста на Џенгиш Чокусу, но и нејзината видливост од далечина. Во истиот подвенец спаѓаат врвовите Чапаев (6.371 м) и Горки (6.050 м). Анатолиј Букреев го сметал Хан Тенгри за најубавиот врв на светот поради неговите геометриски сртови и симетричноста.
Историја Иако е речиси 430 м понизок од соседот, Хан Тенгри се сметал за највисок врв во венецот сè до мерењето на Џенгиш Чокусу во 1943 г.
Во 1857 г. Петар Семјонов бил првиот Европеец кој ја здогледал планината.Semenov, Petr Petrovitch. Travels in the Tian'-Shan' 1856-1857. Trans. by Liudmila Gilmour, Colin Thomas and Marcus Wheeler. Edited and annotated by Colin Thomas, pp. 180, 184-185. The Hakluyt Society, London. (1998). .
Хан Тенгри за првпат е освоен во 1931 г. од украинската екипа на Михаил Погребецки преку јужната (киргистанска) страна, а потоа од западниот срт. Првото искачување од север го извршила екипата на М. Кузмин (од казахстанска страна) во 1964 г. Ова е еден од петте врвови кои советскиот планинар морал да ги освои за да ја добие престижната награда „Снежен леопард“.
Анатолиј Букреев го извел првото самостојно брзинско искачување во 1990 г.
За првото зимско искачување е заслужна казахстанска екипа, изведено на 7 февруари 1992 г. Таа била сочинета од Валериј Хришчатиј, Виктор Деди, Јуриј Мојсеев, Владимир Сувига, Александар Савин, Игор Путинцев и Малик Исметов.
Австрискиот планинар Тони Дирнбергер загинал при симнувањето од Хан Тенгри на 17 август 1992 г.Video in Gedenken an den österreichischen Bergsteiger Toni Dürnberger
Во 2004 г. преку дузина планинари загинале во голема лавина на правецот Погребецки, најпопуларниот на планината.
Врвот е претставен на банкнотата од 100 сомови.
Наводи
Надворешни врски
Маршрутни карти на Хан Тенгри Меѓународен ланинарски логор Хан Тенгри
Категорија:Планини во Казахстан Категорија:Планини во Киргистан Категорија:Исикќолска област Категорија:Алматинска Област Категорија:Меѓународни планини во Азија Категорија:Тианшан Категорија:Тромеѓи Категорија:Највисоки точки на земјите